ПУЛС24.мк седум месеци на врвот по посетеност во Македонија

Денеска е убав ден за нас во ПУЛС24, денеска е првиот ден од осмиот месец како сме први по посетеност во Македонија, како портал. 
Сега веќе далечниот 22 ноември минатата година избивме на прво место по посетеност. Се сеќавам дека сето тоа го доживеавме како шок. Просто не ни беше јасно дека се искачивме највисоко. И некое време мислевме и дека е грешка. Но не беше. Другите портали ни даваа лажна слика за нивната посетеност и ние трудејки се истата да ја постигнеме ги престигнавме сите…
Тогаш од прво место го симнавме агрегаторот ТАЈМ.мк кој што беше подолго време неприкосновен. Сега веќе е целосно променета сликата за работите во Македонија. 
Ние мислиме дека со активната работа, со постојаната комуникација со читателите, ја сменивме играта. Бројките и посетеноста сега им станаа важни на сите. Сите лавовски се борат за својата публика, а публиката пак затоа добива се повеќе информации. Мрзливите, кои што не ги препознаа трендовите, или пак кои како агрегати само сакаа да ги преземаат вестите веќе не се во игра. Гореспоменатиот агрегат веќе не е ни меѓу првите десет во Македонија и го читаат само некои читатели по инерција. 
Ние се надеваме и дека ќе се донесе закон за интернет порталите и тие што ги крадат вестите или си ги преземаат без да посочат извор ќе имаат законски последици. Тоа пак од друга страна ќе го подобри квалитетот на вестите, затоа што порталите ќе мораат да создаваат своја содржина и за тоа да вработуваат новинари кои се искусни.
Со еден збор, играта се промени, сега е подинамична. Ние сме тука за да продолжиме да ја освојуваме публиката со нашиот начин на работење. И сакаме да  стане интернет информативниот простор уште поуреден, подобро законски уреден, за да нема „слепи патници“ кои без работа ќе ги истиснуваат тие што се трудат 24/7 да бидат поблиску до вас.
Останете со нас. Само што започнавме.
 Денеска е убав ден за нас во ПУЛС24, денеска е првиот ден од осмиот месец како сме први по посетеност во Макед

Пронајдете не на следниве мрежи: