Путин на Твитер има скоро 2 милиони следбеници, а тој следи само ЕДНА личност!

За тимовите за односи со јавноста кои соработуваат со поголемиот дел од светските политичари, веќе е јасно дека социјалните мрежи се битен дел за комуникација со луѓето ширум светот. Милион луѓе ги следат политичарите на Твитер за да ги дознаат најновите случувања.Од светските политичари, најмногу е следен Барак Обама, иако повеќе пати е докажувано дека поголем дел од неговите следбеници се лажни профили.
Обама има најмногу следбеници на Твитер – 58 милиони, додека тој следи вкупно 644.000 профили.
Рускиот претседател Владимир Путин, на Твитер има 1,8 милиони следбеници, а Путин следи само една личност – самиот себе. Односно, својот Твитер профил на англиски јазик.
Неговиот англиски Твитер профил го следат 234.000 лица, а тука Путин е пообѕирен кога се во прашање лицата кои ги следи. Имено, „англиската верзија на Твитер“ на Путин следи девет лица: претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, премиерот на Индија, Нарендра Моди, поранешниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез, претседателот на Панама, Рикардо Мартинели, претседателката на Бразил, Дилма Русеф и претседателката на Аргентина, Кристина Киршнер.Од светските политичари, најмногу е следен Барак Обама, иако повеќе пати е докажувано дека поголем дел од неговите следбеници се лажни профили.

Пронајдете не на следниве мрежи: