Путин: Русија нема да си дозволи да го доживее југословенското сценарио

Русија верува во себе, во тоа дека може и дека сѐ ќе оствари, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин, истакнувајќи дека Русија нема да си дозволи да тргне по патот кон распадот, според југословенското сценарио.„Нас со задоволство би нѐ пуштиле да функционираме според југословенското сценарио – расцепена држава. Поддршката на сепаратизмот во Русија беше апсолутно очигледна. Но, ние не се предадовме. Не им успеа. Не им дозволивме“, рече Путин.
Путин рече и дека САД секогаш директно или „зад кулисите“ влијае врз односите на Русија со соседните земји.
„Некогаш не знаеш со кого е подобро да разговараш – со владите од некои земји или директно со нивните американски покровители и спонзори“, додаде Путин.
Тој повтори дека санкциите на сите им наштетуваат, па и на оние кои ги воведуваат, а додаде и дека Москва нема намера да ги руши односите со Европа и со Америка.
Нарекувајќи го обединувањето на Крим и Севастопољ со Русија како историско, Путин рече дека Крим за Русија има огромно цивилизациско и сакрално значење.
„Ние немаме намера да влегуваме во скапа трка за наоружување, но притоа сигурно и гарантирано ќе ја осигураме одбранбената способност на нашата држава во понови услови. Тоа ќе биде направено“, рече Путин во годинешното обраќање кон нацијата.
Ова е негово 11. обраќање, а во Кремљ се собраа над илјада гости – пратеници од горниот и долниот дом, членови на владата, раководителите на Уставниот и Врховниот суд, претставници на традиционалните конфесии, претставници од водечките медиуми и јавни работници.„Нас со задоволство би нѐ пуштиле да функционираме според југословенското сценарио – расцепена држава. Поддршката на сепаратизмот во Русија б

Пронајдете не на следниве мрежи: