Работи кои никако не смеете да ги оставате во автомобилот во зима

Исто како и на лето, така и во зима морате да внимавате што оставате во автомобилот. Особено внимание обратете на овие работи: Мобилен, лаптот, таблет
Вашите омилени уреди како мобилен телефон, таблет или лаптоп никако не ги оставајте во автомобилот, ако температурата паѓа под нула степени Целзиусови.
Батериите кои се наоѓаат во таквите уреди веднаш ќе се оштетат, ако долг временски период се изложени на температури под нулата или над 33 степени Целзиусови.
Газирани пијалаци
Ладни температури и карбонизација не одат заедно, а ако не верувате пробајте да замрзнете Кока кола и пробајте ја откако ќе замрзне.
Лекови
Лековите секогаш треба да се чуваат на температура од 14 до 30 степени Целзиусови, а доколку ги чувате на пониски или повисоки температури, тие можат да ја изгубат ефикасноста.
Дрвени предмети
Не оставајте дрвени музички инструменти, парчиња мебел и слични дрвени работи во својот автомобил, бидејќи при ниски температури и сув воздух можат трајно да се оштетат.
Конзервирана храна
Една од предностите на конзервираната храна е долготрајниот век, но тоа не значи дека ги поднесува сите температури.
Алуминиумските конзерви може да се консумираат единствено ако се чуваат на температури над 10 степени Целзиусови.
 Мобилен, лаптот, таблет
Вашите омилени уреди како мобилен телефон, таблет или лаптоп никако не ги оставајте во автомобилот

Пронајдете не на следниве мрежи: