Српската фолк пејачка Рада Манојловиќ, воопшто не си поминала убаво во авионот кој летал за Загреб, бидејќи пилотот два пати безуспешно се обидувал да полета, па таа се преплашила.Со оглед на тоа дека Рада најмногу се плаши од летање, патниците кои биле во авионот со неа се обидувале да ѝ помогнат, но таа останала присебна.
„Врнеше многу дожд. Сѐ беше мокро и пистата беше лизгава. Авионот се обидуваше да полета и успеа дури по третиот пат. Со оглед на тоа дека два пати удираше во пистата, настана паника меѓу патниците меѓу кои беше и Рада“, вели извор за еден српски магазин.
Пејачката рекла дека животите на патниците биле спасени благодарение на пилотите.
„Среќна сум што толку искусни професионалци се грижат за нашите животи. Со нив немам причина за страв бидејќи и во најкритичните ситуации донесуваат најдобри одлуки во што имав прилика да се уверам“, рекла Рада.Со оглед на тоа дека Рада најмногу се плаши од летање, патниците кои биле во авионот со неа се обидувале да ѝ помогнат, но таа останала присебна.



