Рада Манојловиќ ЗАВИСНИК: Потресна исповед за ПЕКОЛОТ низ кој поминала!

Иако досега никогаш не зборуваше за тоа, Рада Манојловиќ поминала низ тежок период во животот и поради нарушената психичка состојба со месеци земала лекови за смирување и редовно посетувала психијатар.Рада пред шест месеци земала лекови за смирување, а најтешко ѝ било кога требала да престане да ги консумира. Одвикнувањето тешко ѝ паднало.
„За почеток морам да кажам дека тоа е незгодна работа. Баш се навлеков. Шест месеци не можев да се одвикнам од ксанаксот. Ова јавно го зборувам, бидејќи секој којшто ќе помисли дека може да почне да го консумира овој лек и да престане кога сака – се лаже. Не ми беше многу лесно“ – раскажала Рада и додала:
„Ми беше многу тешко да се одвикнам од апчињата. Би ги препорачала само во краен случај.“
На прашањето што ѝ се случило за да се навлече на седативи, пејачката искрено признала дека не може да се ослободи од нервозата и незадоволството, туку дека сѐ држи во себе.
„Тоа не чини. Затоа психијатарот ми рече да најдам некој издувен вентил. Сега повеќе не одам на психијатар. Сѐ ми е супер. Лековите си ја завршија работата“ – заклучила Рада, а на крај додала дека ни во лудило не би помислила да помеша алкохол со апчиња за смирување.

Пронајдете не на следниве мрежи: