Радио 106 од Битола и оваа година ќе ги прогласи најдобрите артисти и нивните изданија на светската музичка сцена

Loading...

Радио 106 од Битола и оваа година ќе ги прогласи најдобрите артисти и нивните изданија на светската музичка сцена. Имено, 106-ка уште од 2001. година, во спектакуларна повеќечасовна шоу програма ги прогласува најдобрите хитови и музичари во вкупно 19 категории со помош на своите слушатели.Оваа година шоуто ќе изобилува со ексклузивитети, како интервјуа со познатите музички ѕвезди, меѓу кои и Ariana Grande, Chris Martin, David Guetta, Ed Sheeran, Enrique Iglesias, Iggy Azalea, John Newman, Kiesza, Meghan Trainor, Pharrell, Sam Smith, Sia, Taylor Swift, Simply Red, но и со ексклузивни концертни снимки од најголемите хитови на годината. Ќе се прогласат најдобрата денс песна, најдобрата поп, рок, хип хоп, р&б песна, најдобрата соработка, ремикс, албум, ќе се прогласи хитот на годината според слушателите на 106-ка, најдобриот продуцент, најдобриот машки и најдобриот женски артист.
Интересна е и категоријата Специјално признание за животно дело, кое низ годините го добивале, Michael Jackson, Madonna, U2, Prince, Depeche Mode, Stevie Wonder, Bob Dylan, Rolling Stones, Red Hot Chilli Peppers и Bruce Springsteen, Sade, а кое оваа година го добива бендот Simply Red. Меѓу артистите со најмногу номинации, односно шанси за победа во категориите се Pharrell Williams, Ed Sheeran, Iggy Azalea, Taylor Swift, Coldplay, Dj Snake и Lil John, Katy Perry, Enrique Iglesias, David Guetta, Jhene Aiko, Beyonce, Ariana Grande, Clean Bandit, Kiesza и други.
Гласањето е во тек, а комплетната листа на номинирани по категории, пропозициите и повеќе детали имате на www.106.com.mk.Оваа година шоуто ќе изобилува со ексклузивитети, како интервјуа со познатите музички ѕвезди, меѓу кои и Ariana Grande, Chris Martin, David Guetta,

loading...
Loading...