Рајкард од лето ќе биде тренер на Партизан?

Loading...

Делегација на фудбалскиот клуб на Партизан, во Истанбул имала разговори со поранешниот холандски селектор Франк Рајкард, пренесе Б92.

Според истиот извор, Рајкард по завршувањето на сезоната би требало да стане нов тренер на ’црно белите’, иако претседателот на Партизан Драган Ѓуриќ ги негираше овие наводи. Актуелен тренер на Партизан е Владимир Вермезовиќ, но иако неговиот тим на врвот има пет бодови повеќе и натпревар помалку од Црвена звезда, неговите позиции во клубот не се стабилни. Рајкард има 50 години, а по импресивната кариера како играч, во 1998 година стана селектор на Холандија, од функцијата си замина во 2000 година по завршувањето на Европското првенство чии домаќин беше токму Холандија, а на кое ’лалињата’ во полуфиналето загубија од Италија. Рајкард потоа една сезона мина во Спарта Ротердам, за потоа пет сезони да биде тренер на Барселона. Потоа тој работеше во Галатасарај, а без работа е од јануари оваа година, кога доби отказ на функцијата селектор на Саудиска Арабија.
Макфакс
Делегација на фудбалскиот клуб на Партизан, во Истанбул имала разговори со поранешниот холандс

loading...