Ракометарите на ПСЖ во Барселона и Вардар гледаат како најголеми ривали

Според играчите на Париз Сент Жермен, најголеми ривали во групната фаза од ракометната Лига на Шампиони би биле токму Барселона и Вардар.Габор Часар, новото засилување за екипата на Париз Сент Жермен, вели дека експанзијата на Вардар, нема да ги промени нивните амбиции, навестува претпазливост, но притоа признава дека токму Барселона и Вардар ќе бидат најголемите ривали на францускиот тим.
„Експанзијата на Вардар нема да ги смени нашите амбиции, но секако ќе ни направи да бидеме претпазливи. Нашите амбиции се да бидеме меѓу двете најдобри во групата“ вели Чазар.
Тимот на ПСЖ значително се засили па во новата сезона атакува на големи амбиции и цели, освен Чазар, во Париз дојдоа уште и Игор Вори, Даниел Нацис, Јаков Гојун и Фахрудин Мелиќ. Не треба да се заборави дека ПСЖ во составот има играч од светски калибар од типот на Микел Хансен.
Извор: dnevnik.mkГабор Часар, новото засилување за екипата на Париз Сент Жермен, вели дека експанзијата на Вардар, нема да ги промени н

Пронајдете не на следниве мрежи: