„Ракописот од Акра“ – Пауло Коелјо

Историја, вистина и мудрост! Теми интересни за секој љубител на пишаниот збор, совршено избалансирани и длабоко опфатени во романот на Коелјо.
За денес, издвојуваме цитат од неговиот роман „Ракописот од Акра“.Секое уметничко дело вели:
„Сакам да бидам забележано и да излезам оттука
За да можам да ги споделам моите напори со браќата и сестрите“
И како што се вазните, сликите, скулптурите, така се и мажите и жените
А исто е и со племињата и бродовите и дрвјата и ѕвездите.
Откако ќе го разбереме ова, можеме да седнеме до нашиот сосед на крајот од денот и да слушаме со почит, што сакал да каже и да каже што сакал да слушне.
И ниту еден од нас не ќе се обиде да ги наметне своите идеи.
Зад планините кои ги делат племињата, зад далечината која ги дели телата,
постои заедница на духови.
Ние сме дел од нив, и тука нема улици населни со празни зборови, само широки авении кои нѐ поврзуваат со она што ни е далечно и понекогаш  ни ги санира штетите предизвикани од времето.
И човекот, кој вчера ни беше непријател и водевме војна, сега ни е повторно пријател бидејќи војната е завршена и животот продолжува понатаму.
Синот кој си замина на крај ќе се врати, и ќе се врати богат со искуствата што ги доживеал.
Татко му ќе го прими со раширени раце и ќе им каже на слугите: „Донесете ја најубавата гардероба за него, ставете му прстен на раката и обујте му сандали на нозете, бидејќи мојот син ми е повторно жив, беше изгубен и се пронајде.“
Па така, враќањето на љубовникот никогаш не ќе се гледа со очи полни недоверба, бидејќи лојалноста го придружува секој негов чекор.Секое уметничко дело вели:
„Сакам да бидам забележано и да излезам оттука
За да можам да ги споделам моите напори со браќата

Пронајдете не на следниве мрежи: