Ракописот открива се за вас!

Сето она што еден лаик би можел да го каже за нечиј ракопис обично се сведува на коментарите дека некој пишува „убаво и читливо“ или ракописот му е „лош и неразбирлив“. Меѓутоа, во позадината на секој ракопис во зависност од неговиот изглед, стои една наука која за многумина е непозната, а тоа е графологијата. Оваа наука се занимава со проучување на ракописот и секоја наша напишана буква е наша лична карта и сведоштво за нашиот карактер.Графолозите својата работа ја развиле и во вистинска мала психолошка дисциплина со која може да се дојде до интересен увид во карактерот на личноста според начинот на која таа пишува.
 
Пишувате накосо
Ако пишувате накосо на десно, отворени сте за светот околу себе и сакате да се дружите со други луѓе, а ако пишувате на лево, сакате да работите сами или позади кулиси. Доколку пишувате со десната рака и вашиот ракопис оди малку налево, можеби сте бунтовник во душа. Генерално, луѓето кои пишуваат накосо се логични и внимаваат со кого ги споделуваат емоциите.

 
Големината на буквите
Големи букви укажуваа дека имате потенцијал да направите големи работи во животот, а Мекнајт открива дека многу славни личности пишуваат со големи букви. Исто така, сакате да излегувате и да бидете во центарот на вниманието.
Малите букви пак, говорат дека сте срамежливи, но имате голема концентрација и лесно се насочувате на извршување на задачите и обврските.

 
Буквата Ѕ 
Доколку големата буква Ѕ ја пишувате правилно, со кружни потези, вие сте личност која сака да им угодува на луѓето и секогаш барате компромис. Исто така, не сакате конфликти.
Луѓето кои буквата Ѕ ја пишуваат шилесто, со остар врв, обично се многу интелигентни и сакаат да откриваат нови работи во животот. Колку врвот на буквата е повисок, толку сте поамбициозна личност.
Широката Ѕ на долниот дел од буквата открива дека можеби не ги следите своите соништа и дека можеби сте се откажале од нив за да би можеле да заработите за живот.
 Графолозите својата работа ја развиле и во вистинска мала психолошка дисциплина со која може да се дојде до интересен

Пронајдете не на следниве мрежи: