Рамбо мајка: За седум часа убила 25 Талибанци и го одмаздила убиството на синот

Авганистанката Реза Гул , чиј син (27) беше убиен  од заседа  во покраината Фарах додека  тој дежурал на контролен пункт со полициската екипа, одлучила да им се одмазди на Талибанците Со помош на ќерката и снаата таа го предводела крвавиот напад против убијците на  синот  и во пресметката, која траела полни седум  часа, ранила пет и убила 25 Талибанци.
„Бев толку бесна што не можев да се смирам. Ја зедов пушката, отидов до контролниот пункт и почнав да пукам на нив . Фрлав и рачни  гранати“, вели Реза Гул, истакнувајќи дека никогаш порано не држела пушка во рацете.
„Не се предававме до последниот куршум.“, додала нејзината снаа.
Куќата на Реза Гул била уништена за време на нападите, но по  херојската одбрана, тие добиле нова куќа.
Потпаролот на локалната полиција  вели дека оваа борба претставува симбол на народно востание против Талибанците.Со помош на ќерката и снаата таа го предводела крвавиот напад против убијците на  синот  и во пресметката, која траела полни седум 

Пронајдете не на следниве мрежи: