Рами во Арсенал?

Дефанзивецот од екипата на Валенсија, Адил Рами, е на листата желби на екипата на Арсенал, пренесуваат англиските медиуми.
Според информациите кои ги пренесуваат тамошните медиуми, тренерот на Арсенал веќе некое време бара како да ја покрие „дупката“ во одбраната, бидејќи според сите анализи, токму во дефанзивната линија Арсенал има големи проблеми.
Рами веќе беше на листата на желби на Арсенал уште додека играше за француски Лил, но во 2011-тата година тој се одлучи за трансфер во Валенсија.
Тимот на Арсенал беше подготвен да издвои 17,5 милиони фунти за овој играч, но Валенсија не беше заинтересирана за реализација на овој трансфер.
Се очекува Рами да добие дозвола за трансфер овој пат, а обештетувањето би чинело речиси 10 милиони фунти.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Дефанзивецот од екипата на Валенсија, Адил Рами, е на листата желби на екипата на Арсенал, пренесуваат англиските меди

Пронајдете не на следниве мрежи: