РАСЧЕКОР – феномен на ноќниот живот кој трае точно 30 години

Loading...

Овој ноќен клуб лоциран во Битола е приказна која живее цели 30 години и која е фабрика за забава на бројни генерации. РАСЧЕКОР е името кое ја стави Битола на светската карта за добра забава. Клуб за кој се доаѓаше и од други градови и од други држави.  РАСЧЕКОР е најстариот клуб во градот Битола, а веројатно и најстариот во Македонија, ако се земе неговиот континуитет без промени цели 30 години (освен месеците на локдаун заради здравствената глобална криза).

РАСЧЕКОР е клуб кој не менувал сопственици, не менувал концепти, а на листата на гости имал бројни славни и убави луѓе кои остануваат запишани во нашите драги мемоари.

Од музички…до актерски ѕвезди, од врвни спортисти … до филмаџии, од претставници на џет-сетот во сите изминати три децении…до нивните омилени обични луѓе кои останаа верни на овој клуб.

Да, славното минато и славните гости се убав сјај на оваа долга приказна, но редовните гости се оние кои сите изминати години веруваа во она што клубот го прави приказна која трае.

РАСЧЕКОР е гламурозен клуб, кој низ годините го менувал изгледот станувајќи и по енетриер и по технички параметри на светло и озвучување врвна локација и за најстарогите критичари.

Во него се вложуваше секогаш и секако, со цел да биде брoj 1.

Од првата 1991 година, до оваа 2021 во РАСЧЕКОР се носеле и свечени тоалети и високи потпетици и фини парфеми, а подиумот бил место на забава на бројни генерации кои некогаш тука пораснале, а и овие новите кои денес со љубопитност слушаат и просто не веруваат како е можно нешто толку долго да трае во шоу бизнисот.

Бендови, диџеи, стенд ап комичари, актери….се наоѓаат на илјадната листа во оваа историјата на оваа “Парти Мека” како многумина ја нарекуваат.

Овој викенд клубот ја прослави својата 30 годишнина. Јубилеј кој вреди да се запамети.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...