Популарната двојка, Кортни Кардашијан и Скот Дисик, конечно ставија крај на врската за време на празничниот викенд по повод 4. јули, пренесоа странските медиуми.Кортни и претходно го напуштала невенчаниот сопруг поради неговите проблеми со алкохолот, но секој пат му простувала по неговите обиди да тргне на рехабилитација.
Меѓутоа, на нејзиното трпение му дојде крајот, а фановите на серијалот „Keeping up with the Kardashians“ знаат колку пати го поддржувала досега.
„Кортни секогаш го примаше Скот и беше покрај него, но сега кога имаат три деца, веќе ја премина секоја мера. Кортни мора да го стори она што е најдобро за децата“, вели извор близок до семејството и додава дека Кортни го напуштила Скот откако со денови се забавувал во Монте Карло, по што не си дошол дома.
Таа наводно полудела кога видела фотографии на кои тој се наоѓа со друштво кое лошо влијае врз него, а меѓу луѓето се наоѓала и Клои Бартоли со која семејството Кардашијан не е во добри односи.
Кортни и Скот се забавувале уште од 2006 година.
Кортни и претходно го напуштала невенчаниот сопруг поради неговите проблеми со алкохолот, но секој пат му простувала по неговите обиди да тргне на



