Расте бројот на нови потрошувачи кои се приклучуваат на парно во Скопје

Бројот на нови потрошувачи кои се приклучуваат на централниот систем за топлинска енергија, односно парно греење во Скопје е во пораст. Од почетокот на 2016 година до сега, компанијата „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“ склучила нови 2252 договори, од кои скоро половината се со потрошувачи кои во минатото се исклучиле од системот.За зголемениот интерес на потрошувачите за приклучување кон централниот систем за греење во Скопје постојат повеќе причини, но една од главните е цената на услугата, која во изминатите неколку години постојано се намалува, наспроти цените на останатите енергенси кои се користат за греење, а кои одат во нагорна линија. Имено, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, актуелната цена на парното греење за домаќинствата е намалена за речиси 11% во однос на цената во претходната грејна сезона, а намалување на цената имаше и за останатите категории потрошувачи.
„Трендот на пораст на бројот на склучени договори за користење на нашите услуги покажува дека кај жителите на Скопје расте свесноста за бројните предности и комфорот што го нуди централниот системот за парно греење. Освен поголемиот комфор, голема предност на централниот систем за парно греење е неговата економичност, како и фактот дека тој значително придонесува за намалување на аерозагадувањето во главниот град, што е на линија на растечката еколошка свесност на жителите на Скопје. Дополнителен фактор за растечкиот тренд на нови потрошувачи е и можноста за бесплатно вклучување во системот на парно греење за сите потрошувачи кај кои постојат технички услови за тоа. Акцијата за бесплатно вклучување на БЕГ – Снабдување започна пред почетокот на тековната грејна сезона, а за да излезе во пресрет на што повеќе потрошувачи компанијата донесе одлука да ја продолжи нејзината важност на непоределено време“, информираат од БЕГ-Снабдување.
Според најновата студија на Машинскиот факултет и МАЦЕФ централниот систем за парно греење е најоптимален тип на греење, особено за урбаниот, односно најгусто населениот дел од градот. Резултатите од оваа студија потврдуваат дека со натамошно зголемување на бројот на потрошувачи ќе се обезбеди негова поголема искористеност што ќе овозможи дополнително намалување на цената на услугата за сите корисници и до 25%, а истовремено ќе значи и намалување на проблемот со загадувањето во Скопје, поради фактот што топланите работат на гас како најеколошко гориво.За зголемениот интерес на потрошувачите за приклучување кон централниот систем за греење во Скопје постојат повеќе причини, но една од гл

Пронајдете не на следниве мрежи: