RAYE постави рекорд на британските музички награди


Пејачката и текстописец Рејчел Агата Кин, професионално позната како Реј (RAYE) беше голем победник на доделувањето на британските музички награди Brit Awardsт.

Реј постави нов рекорд на годишната церемонија освојувајќи шест награди, меѓу кои и за изведувач на годината, за албум на годината за „My 21st Century Blues“ и за песна на годината за „Escapism“.

Оваа 26-годишна музичарка, исто така, триумфираше во категоријата жанр за R&B изведба и беше прогласена за најдобар нов изведувач.

Реј, која се раздели со својата издавачка куќа во 2021 година за да работи како независен уметник откако рече дека издавачката куќа го искратила нејзиниот деби албум, почна да слави на почетокот од оваа седмица кога беше прогласена за текстпописец на Brit Awards на годината.

„Толку сум горда на овој албум. Вљубена сум во музиката. Сè што отсекогаш посакував беше да бидам уметник и сега сум уметник со албум на годината“, рече во својот говор расплаканата Реј.

Jungle ја освоија наградата за група на годината, додека рок групата Bring Me the Horizon победи во категоријата алтернативен/рок изведувач. победувајќи ги Blur и The Rolling Stones. Blur, кои имаа три номинации, си заминаа дома со празни раце.

Дуа Липа, која имаше, исто така, имаше три номинации, победи во категоријата за поп-изведба.

Повеќе од половина, 55 отсто, од овогодинешните номинации беа жени – или како соло уметници или како дел од женска група.

Американската пејачка SZA победи во категоријата родово неутрален меѓународна уметница на годината, во која имаше 10 номинирани, победувајќи ги Тејлор Свифт и Мајли Сајрус. Последнава ја доби наградата за меѓународна песна на годината за нејзиниот хит „Flowers”.

Инди рок бендот Boygenius ја освои наградата за меѓународна група на годината.

Пред доделувањето на наградите, Кајли Миног беше прогласена за годинешна глобална икона, додека инди рок групата The Last Dinner Party беше прогласена за добитник на наградата за ѕезда во подем.

Пронајдете не на следниве мрежи: