РЕАКЦИИТЕ НЕ СТИВНУВААТ: Опозициските мегафони гневни на СДСМ за поразителниот договор

Не стивнуваат реакциите на опозициски активисти, мегафони и разни левичарски партии по вчерашниот договор на четирите најголеми политички партии за излез од кризата. Тие ја обвинуваат опозициската СДСМ дека ги изневерила нивните очекувања и дека договорот не гарантирал фер и демократски избори.Новосклучениот договор не гарантира фер и демократски избори и излез од политичката и економска криза, реагираат од Левица, додавајќи дека бил склучен договор кој ги изневери барањата и принципите на протестното движење, на најголемиот дел од сите оние граѓани кои масовно и секојдневно излегуваа на улиците изминатите 3 месеци.
– Левица алармираше уште во текот на обновените преговори дека тоа е нетранспарентен процес, преговори зад затворени врати, надвор од очите на јавноста и правото на граѓаните да имаат целосен увид во договорот што им ја крои иднината. Притоа:
Не е договорена експертска влада, туку е договорена политичка влада – повторно враќање на минатогодишниот договор од Пржино и дворски игри со бројот на министрите, замениците министри, обемот на нивните ингеренции и слично. Независен арбитар за можеби најзначајните избори во новата историја на РМ – нема да има. Четирите партии само ја одложија арената на нивните борби, повторно чувајќи го народот и протестното движење како адут во рака за ново пазарење.
Немаше претставник на граѓаните, на протестното движење и здруженијата на граѓани на преговорите. Ниту во својство на мониторинг. Таков претставник ќе нема ни во органите на власта задолжени непосредно за спроведување на изборите. Одговорноста за евентуалното пропаѓање на договореното и ново продлабочување на кризата, останува врз четирите партии потписнички.
Постоењето и легалноста на Специјалното јавно обвинителство остана да виси во воздух, а ни збор за специјалното одделение во Кривичниот суд, со оглед на “Сваровски“ судството и опструкциите кои ги правеше изминатиот период.
Се дозволи владата да не’ задолжи со дополнителни 450 милиони евра од еврообврзницата и за тие средства нема гаранции дека нема да се злоупотребат за предизборен поткуп на гласачи, се вели во соопштението на Левица.
Партијата оваа одговорност ја препишува на најголемата опозициска партија СДСМ.
– Граѓаните не се само адут во ракавот кога преговараш со противникот. Граѓаните не се само бројка. Граѓаните се и принцип кој не смее да се изневери. Граѓаните испорачаа разумни барања, а тие барања неразумно беа заобиколени во преговорите со криминалците. Конечно, целата политичка активност на граѓаните, изразена низ веќе развиената протестна култура на отпор против криминалите и неправдите ни дава оптимизам дека, иако на хартија заобиколен, народот политички се освестува и подготвува конечен удар за режимот во рамките на и онака фаличната парламентарна демократија, потенцира партијата.
ДС: Договорот не гарантира фер и демократски зибори
Постигнатиот договор помеѓу четирите политички партии за одржување на избори во декември 2016 година е само фрлање прашина во очите на јавноста и истиот не гарантира создавање на услови за фер, демократски и кредибилни избори, реагираат од Демократскиот сојуз.
Во реакцијата на вчера постигнатиот договор на четирите политички партии со посредство на ЕУ и САД, се вели дека од круцијално значење беа предлозите за реформите во судскиот систем, безбедноста, деполитизација на државните институции, потоа реформите во медиумите, формирање на судско одделение кое ќе постапува по предмети од СЈО, како и формирање на експертска Влада која ќе ги спроведе реформите и сл.
“Од исклучителна важност за демократизација на државата и демонтажа на еднопартискиот систем беше Македонија да биде една изборна единица, но и тие промени не се направија, ниту пак се прочисти избирачкиот список. Оттука, имајќи ги во вид сите овие отворени  прашања, како и досегашното искуство, владејачките партии да ги блокираат реформите, сосема оправдани се сомнежите дека преку договорот ќе се дојде до кредибилни избори и дека истите ќе се одржат на 11. декември”, се вели во соопштението.

Новосклучениот договор не гарантира фер и демократски избори и излез од политичката и економска криза, реагираат од Левица, додавајќи дека бил склу

Пронајдете не на следниве мрежи: