Реакција на ТК Прилеп за тврдењата на Локвенец: Бележиме постојан раст и развој на портфолио на производи

Loading...

Реакција во врска со наводите искажани на денешната прес конференција на СДСМ од страна на пратеникот Хари Локвенец.„Можете да зборувате за сѐ, но не и за тоа дека некој нешто прикрива, сметам дека новинарската фела досега имала многу прилики, да се увери во транспарантноста во работењето на постоечкиот менаџмент.
За мене е потполно несфатливо како преку присоединување на ДООЕЛИ-те, би можеле да се покријат загубите или прикрие било што. Истото се прави со единствена цел за поедноставно, поефикасно, поекономски исплатливо работење на комбинатот. Тутунски Комбинат Прилеп работи одлично и многу подобро од претходно, бележи постојан раст и развој на портфолио на производи. Ако зборувате за истиот Тутунски комбинат што со години работеше со загуби, каде се вработуваа луѓе без причина, се таложеа загуби и овој денеска, мислам дека сте ја изгубиле сликата за реалноста.
Да зборуваме за фактите:
· Имаме покривање на загубите кумулирани измината деценија, значи работиме одлично, и не само завршната сметка за 2015 година, туку и последниот финансиски извештај на компанијата до 30 септември покажува добивка од 9.7 милиони денари
· Последниве две години имаме зголемување на пазарниот удел за 17% 535 работници од Комбинатот заминаа доброволно и добија отпремнини. Намалувањето на бројот на вработени ја зголемува нашата ефикасност и ни овозможува понатамошен развој.
· При откупот на тутун и исплатата нема никакви проблеми.
Ако овие факти говорат дека компанијата работи лошо, тогаш нека ни посочат друг пример за одлично консолидиран загубар кој сигурно преминува во профитабилна компанија. Тутунскиот Комбинат Прилеп е пример како од еден загубар може да се развие успешна приказна за бенефит на Прилеп и граѓаните“ – вели генералниот извршен директор на ТК Прилеп, Александар Дерменџиев во реакцијата пратена до медиумите.„Можете да зборувате за сѐ, но не и за тоа дека некој нешто прикрива, сметам дека новинарската фела досега имала многу прилики, да се увери в

loading...