Реал Мадрид ја совлада Барселона во првото Ел Класико

Реал Мадрид е првата екипа која сезонава ѝ даде гол на Барселона. Голманот на каталонскиот тим Клаудио Браво капитулираше и тоа не еднаш, туку трипати вечерва на дербито на колото и на шпанскиот фудбал одиграно на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид кое заврши со 3:1. Со оваа победа Реал ѝ се приближи само на бод на водечката екипа во Примера.Головите на 228. „Ел класико“ ги постигнаа Нејмар (4.минута) за Барселона, Кристијано Роналдо (35. минута од пенал), Пепе (61) и Карим Бензема (61).
На првиот денешен натпревар, Алмерија – Атлетик Билбао 0:1. Уште три средби се играат до крајот на денот: Валенсија – Елче, Кордоба – Сосиедад и Еибар – Гранада.
Четири натпревари ја сочинуваат неделната програма: Малага – Рајо Ваљекано, Еспањол – Депортиво Ла Коруња, Севиља – Виљареал и Хетафе – Атлетико Мадрид.
Табела: Барселона 22 бода, Реал Мадрид 21, Севиља 19, Валенсија 17, Атлетико Мадрид 17, Селта Виго 16.
FC Barcelona 1 -3 Real Madrid All Golas HD El… by lancepremiumГоловите на 228. „Ел класико“ ги постигнаа Нејмар (4.минута) за Барселона, Кристијано Роналдо (35. минута од пенал), Пепе (61) и Карим

Пронајдете не на следниве мрежи: