Реал Мадрид заинтересиран за Чикарито

Реал Мадрид се подготвува да испрати официјална понуда за напаѓачот на англискиот премиерлигаш, екипата на Манчестер Јунајтед, Хавиер Ернандез Чикарито.
Мексиканецот не добива премногу шанса за во Манчестер Јунајтед, а ситуацијата драстично се промени по лошо за Чикарито, по доаѓањето на Ван Перси на почетокот на сезоната.
Чикарито одигра 26 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, и на нив постигна 15 погодоци.
Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за реализирање на овој трансфер, и доколку Мексиканецот би сакал да ја промени средината веројатно неговата следна дестинација би била токму тимот од Мадрид.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Реал Мадрид се подготвува да испрати официјална понуда за напаѓачот на англискиот премиерлигаш, екипата на Манчестер Ј

Пронајдете не на следниве мрежи: