Реал заинтересиран за Квадрадо

Реал Мадрид е сериозно заинтересиран да во своите редови го доведе 24-годишниот колумбиски интернационалец од редовите на Фиорентина, Хуан Квадрадо.
Според пишувањата на „ТодоМеркадоВеб“, крилниот напаѓач на екипата од Италија, Хуан Квадрадо, е на листата на желби на тренерот на Кралскиот клуб, Жозе Мурињо.
Според информациите кои ги пренесува истиот медиум, се вели дека, помошникот на Жозе Мурињо, Луис Кампос, сериозно го прати колумбискиот интернационалец.
Квадрадо е одличен техничар, располага со одлична физичка подготвеност и поседува голема способност да влезе од втор план во текот на играта.
За тимот на Фиорентина оваа сезона одигра 24 натпревари притоа постигна 1 погодок.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Реал Мадрид е сериозно заинтересиран да во своите редови го доведе 24-годишниот колумбиски интернационалец од редовите

Пронајдете не на следниве мрежи: