Реализацијата на албанската платформа треба да биде последниот чин од повеќегодишното странско сценарио

Во Република Македонија до сега видовме три епизоди од странското сценарио за разнебитување на Република Македонија, смета проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска.Смета дека реализацијата на албанската платформа треба да биде последниот чин од повеќегодишното странско сценарио што ни се наметна како судбина.
-Првиот чин од тоа сценарио беше земјата вештачки да се втурне во политичка криза со цел да се ослабнат институциите на системот преку користење разни форми на субверзивни, диверзивни и психолошки дејствувања и притисоци од страна надомашните платеници и предавници, и надворешните команданти. Вториот чин од сценариото бешеголемата политичка измама и манипулација што Заев ја направи на изборите со дел од албанскиот електорат. Преку ветување брда и долини,за кои беше свесен дека се неможни и нереални за остварување, се направи најголемото предавство на Албанците токму од Заев преку директна злоупотреба на изборната демократија и слободата на определување на секој избирач за кого да гласа и зошто. Оваа смислена измама како дел од сценариото требаше да му послужи на Заев да ја стопи големата, и традиционално силна предност на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМпреку класична злоупотреба на легалните и легитимните средства во земјата. Расипаноста и перфидноста на сценаристот оди до таму што се дрзнапреку искористувањето на  изборната демократија да создаде изборен резултат кој е директно поврзан состорувањето неколку кривични дела утврдени во Кривичниот законик, и тоа: изборен поткуп, влијание врз слободата на определувањето на гласачите, изборна измама. Третиот чин на сценариото е преку безобразното пост-изборно протурнување на албанската платформа стокмена во Тирана која има за цел да го донесе Заев на власт. Бидејќи според однапред договорениот план со странскиот сценарист, само Заев ќе треба да покаже „политичка големина“ за нејзиното прифаќање, играта е тој да биде претставен во земјатакако голем демократ, а сите останати политичари како заостанати кои не ја разбираат смислата на европската демократија, вели Каракамишева- Јовановска.
Заев, додава, свесно се ставил во машинеријата на сценаристот и тој нема каде да бега. Тој е заложник, кој своеволно прифатил да реализира се што му е напишано за да дојде на власт, Тој прифатил да реализира се што му е напишано од прв до последен збор. А напишано му е многу.
-Главната цел на платформата е виткање на кичмата на Македонците по прашањето на уставното име. И не случајно сега се вклучуваат фанфарите на т.н. експерт Фрчковски и други како него дека до крајот на годината мора да се направи нешто во врска со името. Заев е најпогоден политичар што нема проблем да прифати менување на уставното име на државата. Тој нема проблем да јасвитка кичмата согласно туѓите потреби, така што Заевсо две раце, и веднаш би не преименил, ако така му кажат командантите од горе. Тој и онакане се чувствувадека е патриот, ниту пак СДСМ според неговите зборови е патриотска партија. Како непатриотска партија, и како човек непатриот наЗаев ина сегашното партиско раководство око нема да им трепне до крајот на годината по дадените инструкции од странскиот сценарист, државата и граѓаните да ги прекрсти со име избрано од сценаристот. На Заев и неговите пајташи не им е важно како ќе се вика државата затоа што тие одамна не се чувствуваат Македонци. Ако ги прашате нив можеме да останеме и без име. Името ним и онака ништо не им значи. За нов е важно само даси се распостелат повладините кабинети. Толку. Се другото понатаму е прашање за некое идно време за кое ќе мислат кога ќе дојде време, додава.
Каракамишева- Јовановска потенцира дека со дадената согласност да ја реализира албанската платформа од првата до последната буква, Заев и нанесува огромна, ненадоместива штета на државата. -И наметнува зависна и поттчинета позиција на Република Македонија од друга држава, односно прифаќа Албанија да биде наш старател. За овие дејствија Заев ќе мора и конечно да се соочи со правосудните органи на државата, ќе мора да биде изнесен пред лицето на правдата.
-Ако нашите правосудни органи не започнат постапка против Заев за направеното велепредавство поради преземените дејствија со кои свесно го урива уставниот поредок на државата,тоа секако ќе го стори народот. Народот ќе мора да си ја одбрани татковината, бидејќи распарчена и федерализирана, државата повеќе никогаш нема да биде Република Македонија, а уште помалку ние граѓаните ќе бидеме суверени граѓани во Република Македонија. Дури тогаш, кога ќе ни ја стокмат и федерализацијата и правото на Албанците да се отцепат од таа федерација, Македонците нема да имаат за што да се борат. Бидејќи се ќе биде веќе изгубено за нас!Смета дека реализацијата на албанската платформа треба да биде последниот чин од повеќегодишното странско сценарио што ни се наметна како судбина.

Пронајдете не на следниве мрежи: