Една од нашите најпопуларни пејачки, Ребека, пред три месеци ги роди близначињата Доротеј и Макариј, а сега открива неколку тајни околу породувањето.- Доротеј и Макариј се мирни бебиња, но воопшто не личат еден на друг, едното е покрупно, а другото скоро килограм помало – открива пејачката за „Утрински“.
Шестгодишниот Макријан, првото дете на Ребека и нејзиниот сопруг Мики, одлично ги прифатил новите братчиња, но пејачката редовно одвојува барем час дневно кој му го посветува само нему.
Ребека вели дека иако не очекувала близнаци, а последниот месец од бременоста го поминала во лежење и дека иако малку е мачно, моментот кога ќе дојдат на свет се заборава на сѐ.
– Пеев! Пеев на самото породување! Ја пеев „Твинкл, твинкл, литл стар“, а Мики, мојот сопруг, беше покрај мене за време на целото породување. Инаку, со Маркијан се породив природно, а со близнаците со царски рез, и сега можам да направам убава споредба. Знам дека во последно време е хит меѓу младите мајки да се пораѓаат со царски рез, но искрено јас многу поубаво поминав природно. И покрај сите болки што траеја 12 часа, сето тоа поминува по породувањето и болката е минимална за разлика од царскиот рез, кој, сепак, е операција и 4-5 дена потоа има големи болки. Моја препорака до сите идни мајки е да се пораѓаат природно. Доколку нема потреба, нека не инсистираат на царски рез. Многу е полесно природно – вели Ребека.
Целото интервју е достапно на: utrinski.mk- Доротеј и Макариј се мирни бебиња, но воопшто не личат еден на друг, едното е покрупно, а другото скоро килограм помало – открива пејачката



