Рецепт за успешен брак: Славните парови кои не се плашат да ја покажат љубовта

Познати парови кои не се плашат да ја покажат својата љубов во центарот на вниманието, тоа го прават со мали гестови давајќи им на сите до знаење колку им значи нивниот партнер и веруваат дека ја пронашле сродната душа. Еве некои од нив.Бијонсе и Џеј Зи
Не би била жената која сум денес, да не се враќам дома каде ме чека Џеј-Зи – со овие зборови Бијонсе ја опишува љубовта на својот живот. Најмоќниот пар на денешницата својата  љубовна приказна ја започнале во 2002 година, а со брак ја крунисале шест години подоцна. Подеднакво заљубени, како и на почетокот, врвот на својата врска го сметаат раѓањето на ќерката Блу Ајви, која на свет дошла 2012та година. Тие тврдат дека за совршен брак потребна е доза на независност и многу љубов.

Шакира и Жерард Пике
Двајцата родени на иста дата, втори февруари, но десет години разлика. Шакира и Жерард Пике изгледаат како судбоносна спојка. Се запознале на Светското фудбалско првенство во Јужноафриканската Република за кое таа ја сними службената песна „Waka Waka“, а тој ги бранеше боите на Шпанија. Нивната средба пејачката ја опишала како момент во кој повторно излегло сонцето. Круна на нивната врска е синот Милан роден 2013 година. Мама Шакира со него редовно ги прати натпреварите на Барселона. 

Џесика Алба и Кеш Ворен
За пет годишнината од бракот Џесика Алба направила колаж од заедничките фотографии на друштвените мрежи и му го посветила на својот избраник и најдобар пријател Кеш Ворен. Со тоа уште еднаш потврдила колку е заљубена во продукцентот. Прв пат кога го видела имала чувство дека го познава отсекогаш и дека во нејзиниот живот ќе остане засекогаш. Нивната љубов започнала на снимањето на филмот „фантастична четворка“, а плод на љубовта се двете девојчиња Хонор Мари и Хавен Гарнер. 

Мет Дејмон и Лусијана Баросо
Мет Дејмон на прв поглед се заљубил во келнерката Лусијана Баросо која ја запознал на Флорида. Таа се криела од нападните гости, па актерот и пришол од зад шанкот, по што таа почнала да вика гласно дека тоа не смее да го прави. Се венчале 2005 година, а тогаш Мет станал и очув на нејзината ќерка Алексија. Заедно имаат три ќерки, Изабела, Џија и Стела. 

Метју Меконахи и Камила Алвес
Кога за прв пат го видела, Камила Алвес дури и не знаела кој е Метју Меконахи, а тоа е токму она што, покрај нејзината убавина, го освоило познатиот актер. Тие се сретнале пред осум години, се венчале 2012та година, а кулминација на нивната љубов се трите деца, два сина, Леви и Ливингстон и ќерката Вида. 

Бен Афлек и Џенифер Гарнер
Таа ми е најважна на светот – констатирал Бен Афлек за неговата сопруга Џенифер Гарнер. Иако се запознале додека и двајцата биле во врска со други луѓе, нивната љубов била толку интензивна и силна што не можеле да одолеат. Бен и предложил брак на 33тиот роденден и се венчале во 2005 година. Двојката има две ќерки, Виолет Ени и Серафина Рос, и син Самјуел. 
 Бијонсе и Џеј Зи
Не би била жената која сум денес, да не се враќам дома каде ме чека Џеј-Зи – со овие зборови Бијонсе ја о

Пронајдете не на следниве мрежи: