Речиси сите биле тинејџери: Еве од каква националност биле убиените во Минхен

Минхенската полиција соопшти дека во вооружениот напад во трговскиот центар загинале 10 луѓе, а 27 се повредени.Тројца од жртвите се косовски државјани, тројца турски државјани и еден Грк. Седуммина од жртвите биле тинејџери.
Шефот на полицијата во Минхен, Хубертус Андере изјави дека при претресот на станот на напаѓачот од трговскиот центар не се откриени докази за негова поврзаност со „Исламска држава“. Но, пронајдена е литература за масовни убиства и се претпоставува дека бил инспириран од Андерш Брејвик, кој пред пет години уби 77 лица во Осло и на островот Јутоја.
Напаѓачот, идентификуван како 18-годишниот Али Давид Сонболи, живеел заедно со своите родители во реонот Максфорштад. Тој се лекувал од депресија.
Неговите родители поради шок се уште не се во можност да и помогнат на истрагата, која не може да ги утврди мотивите за нападот.

Според шефот на полицијата во Минхен властите не можат да пронајдат сличности со нападот во воз, што се случи во покраината Баварија при што беа повредени десетина луѓе. Одговорноста за тој напад извршен од 17-годишно момче со авганистанско потекло го презеде Исламската држава.
За нападот во Минхен за сега ниту една група нема преземено одговорност.
Полицијата се уште ги анализира снимките направени од очевидци на настанот во обид да открие какви пораки упатувал напаѓачот во текот на расправиите со луѓето, што го убедувале да не пука по невините граѓани.
Тројца од жртвите се косовски државјани, тројца турски државјани и еден Грк. Седуммина од жртвите биле тинејџери.
Шефот на полицијата во Ми

Пронајдете не на следниве мрежи: