Рекордна победничка низа на Мајами

Кошаркарите на Мајами Хит ја забележаа 15-та победа по ред, откако ја победија Минесота со 97:81 и поставија нов клупски рекорд.

Двејн Вејд (32 поени, 10 асистенции, 7 скока) ги предводеше шампионите до новиот рекорд, додека Леброн Џејмс мечот го заврши со двоен ефект од 20 поени и 10 скокови. Дерик Вилијамс (25 поени и 10 асистенции) беше најекспонираниот играч на Минесота. Њујорк запиша победа над Кливленд со 102:97, но остана без Кармело Ентони, кој на пет минути до крајот на полувремето го повреди коленото. Натпреварот имаше драматична завршница, најпрвин Тајсон Чендлер го изблокира обидот за три поени на Кајри Ирвинг, а потоа од линијата за слободни фрлања Џеј Ар Смит ја потврди победата на Никси. Њујорк до победата го предводеше Амари Стадемаер со 22 поени, додека Смит имаше учинок од 18 поени и по седум скокови и асистенции. Монта Елис со 34 поени беше најзаслужниот за гостинската победа, по продолжението, на Милвоки над Јута со 109:108. Брилијантен натпревар за Бакси одигра и Брендон Џенингс кој оствари 20 поени и 17 асистенции. Денвер лесно ја порази Атланта со 104:88, а во победата Кори Бруер постигна 22 поени. Голден Стејт ја демолира екипата на Торонто со 125:108, најмногу благодарение на Дејвид Ли кој имаше учинок од 29 поени и 11 скокови. Ламаркус Олдриџ постигна 23 поени на кои придодаде 14 скокови и пет асистенции, а неговиот Портланд го совлада Шарлот со 122:105. Орландо славеше над Њу Орлеанс со 105:102, со 26 поени тимот до победата го предводеше Арон Афлау.
Макфакс
Кошаркарите на Мајами Хит ја забележаа 15-та победа по ред, откако ја победија Минесота со 97:

Пронајдете не на следниве мрежи: