„Република“: Борба на Јанева за место под сенката

Во све­тот си­те се те­па­ат за ме­сто под сон­це­то, но не и во Ма­ке­до­ни­ја. Јок. Ту­ка, ба­рем во СДСМ и во фи­ли­ја­ли­те ка­ко СЈО, би­тка­та е за сен­ка­та. Онаа на ча­до­рот. А, на Ја­не­ва сен­ка­та ѝ бе­га. По Хан, при­стиг­на уште ед­но пре­ду­пре­ду­ва­ње и ба­ра­ње од ЕУ да „диг­не рач­на“ со ан­тив­мров­шти­на­та, бар до из­бо­ри. Исто­вре­ме­но, ЕУ го на­ма­ли из­бо­рот на СДСМ. Ќе мо­ра да ги приз­нае из­бо­ри­те на 11 де­кем­ври. Уште ед­на при­чи­на за па­нич­на акти­ва­ци­ја на ус­лу­ги­те на СЈО. Ко­га Ја­не­ва е ва­ши­от единс­твен из­бор или ко­га не­ма­те из­бор, а из­бо­ри­те до­а­ѓа­ат…Да­ли по­ра­ди неј­зи­на­та фи­зич­ка кор­пу­лент­ност или по­ра­ди очиг­лед­на­та пар­ти­зи­ра­ност и не­по­ти­зам, но за Ја­не­ва има сѐ по­мал­ку ме­сто под „ча­до­рот.“ Да, уште ед­на ен­дем­ска по­ја­ва во на­ша­та чу­дес­на опо­зи­ци­ја. Во све­тот си­те се те­па­ат за ме­сто под сон­це­то, но не и во Ма­ке­до­ни­ја. Ту­ка, дел од стру­кту­ри­те би­јат би­тка за ме­сто под сен­ка­та. А таа, по­са­ку­ва­на сен­ка, се на­ма­лу­ва про­пор­ци­о­нал­но со глу­пи­ра­ње­то на об­ви­ни­те­ли­те и истра­жи­те­ли­те на али­јас Kathy Jeane, ве­лат исти­те оние вра­че­ви кои опо­зи­ци­ја­та ги кон­сул­ти­ра за се­кое след­но дејс­тву­ва­ње и „де­бе­ло“ ги пла­ќа за ус­лу­га­та, ма­кар и по­греш­но сро­че­на. Ут­на­та, ка­ко и се­ко­гаш. Ду­зи­на пле­мен­ски вра­че­ви и дру­и­ди од ти­пот на Ка­лај­џи­ев, Гр­чев, Тор­тев­ски, Бур­ги­ја итн. Ба­шка, си­те тие со­се­ма слу­чај­но вра­бо­те­ни во СЈО. Кла­си­ка об­ви­е­на со прем­но­гу сов­па­ѓа­ња и ко­ин­ци­ден­ции, ка­ко и се­ко­гаш ко­га збо­ру­ва­ме за дејс­тву­ва­ње­то на СДСМ. Ше­га­та и то­те­мот на­стра­на (со ли­кот на Ти­то, Ста­лин или Бран­ко, из­бе­ре­те са­ми­те, а мо­же и три­те ед­но под дру­го), но на фа­ктот за очиг­лед­но­то „лиз­ну­ва­ње“ на Ка­ти­ца и јас­ни­от пре­кин на до­тур на мас­ло со УВ-фа­ктор 500 и из­ло­жу­ва­ње­то на сон­це (чи­тај јав­ност, кри­ти­ка и не­до­стиг на за­шти­та) на „спе­ци­јал­на­та“ ука­жу­ва­ат два­та пос­ле­до­ва­тел­ни жол­ти кар­то­ни од ЕУ.
За го­ле­ма жал на СДСМ, ко­ја со си­от тра­ор, не­пре­бол и не­му­зи­кал­ни фан­фа­ри спон­зо­ри­ра­ни од Со­рос автен­тич­но ја пре­не­соа „про­фе­си­о­нал­ци­те“, „екс­пер­ти­те“ и „НВО“ здру­же­ни­ја­та, бол­на­та ни­за ја стар­ту­ва­ше евро­ко­ме­са­рот Јо­ха­нес Хан. Пред са­мо две не­де­ли. Да исти­от оној „сре­бро­љу­бец“, кој опо­зи­ци­ски­те ме­га­фо­ни уште пред ед­на го­ди­на, ко­га и прв­пат им удри шла­ка­ни­ца, го об­ви­не­ни­ја де­ка те­рал биз­нис со ВМРО-ДПМНЕ. Хан, пак, се нај­де на та­пет и го за­гу­би оре­о­лот на све­тец са­мо за­тоа што ја ста­ви под пра­ша­ње про­фе­си­о­нал­но­ста на СЈО. Ав­стри­е­цот се нај­де во неб­ла­го­дар­на ми­си­ја во ко­ја се оби­де да го пре­и­на­чи мр­шо­ја­де­цот и да го на­у­чи да ег­зи­сти­ра од овош­је и од тре­ва, но та­мам ко­га ју­риш­ни­ци­те на СДСМ по­мис­ли­ја де­ка ја из­вр­ши­ле за­да­ча­та и ја „ока­ља­ле“ и де­вал­ви­ра­ле до „ко­ска“ жр­тва­та, се по­ја­ви еден нов, „дип­ло­мат­ски из­вор“ од иста­та таа ЕУ. Глас­ник кој ги до­раз­ни­ша на­де­жи­те, и она­ка лаж­ни…
„Република“ ја разбуди „меџународната“?!
По­ра­ка­та, ко­ја со реч­ник раз­бир­лив за ко­му­ни­сти­те и нив­ни­те нас­лед­ни­ци би гла­се­ла „пре­ки­ни паљ­бу“, лич­но и пер­со­нал­но ја ис­по­ра­чаа дип­ло­ма­ти на ЕУ. Ко­ман­да да­де­на во ист ден ко­га Ма­ке­до­ни­ја спо­ред еми­нент­ни­от „Ду­инг биз­нис“ се нај­де ме­ѓу де­сет­те др­жа­ви што се нај­до­бри биз­нис-де­сти­на­ции во све­тот, а са­мо еден ден по ек­стрем­но по­зи­тив­но­то ин­терв­ју на „Форбс“, на кое му прет­хо­де­ше ла­ска­ва­та ре­пор­та­жа на „Вог“, и ден ко­га ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ со­се­ма слу­чај­но бе­ше во Лон­дон.
Исти­от ден, нед­вос­мис­ле­но, Бри­сел во Скоп­је пре­не­се де­ка, свес­ни за прет­стој­на­та по­бе­да на ВМРО-ДПМНЕ, единс­тве­но отво­ре­но пра­ша­ње за нив е да­ли акту­ел­на­та вла­де­јач­ка гар­ни­ту­ра ќе се за­фа­те­ла со ве­те­ни­те ре­фор­ми кои тре­ба­ло да ги спро­ве­де со но­ва­та вла­да. Тоа ќе бил ус­ло­вот во прет­стој­на­та но­ва пре­по­ра­ка за пре­го­во­ри на 9 но­ем­ври. Исто­вре­ме­но, не­и­ме­ну­ва­ни­те дип­ло­ма­ти ур­наа уште ед­на сил­на на­деж на СДСМ, па­ра­лел­но да­вај­ќи зе­ле­но свет­ло за вла­ста. Да, уште еден огро­мен не­пре­бол и не­ус­пех на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те. И по­крај тол­ку за­ла­га­ње на пар­ти­ја­та на За­ев, Ма­ке­до­ни­ја по­втор­но ќе до­бие пре­по­ра­ка за пре­го­во­ри, ма­кар и ус­ло­ве­на. Неј­се што е ос­ма по ред, но „од кал да е, пре­по­ра­ка да е“, ве­лат евро­фи­ли­те во РМ.
За жал на мно­гу­ми­на или, спо­ред пос­лед­ни­те ан­ке­ти, на 8,9% од по­пу­ла­ци­ја­та, ста­вот на Бри­сел е ја­сен, т.е. ме­ѓу­на­род­на­та зад­ни­ца е убе­де­на во по­бе­да на ВМРО-ДПМНЕ или, по­до­бро ка­жа­но, Евро­пеј­ци­те се ре­ал­ни и праг­ма­тич­ни. Оста­ну­ва ре­ал­но­ста да ја при­фа­тат уште во СДСМ. И во ДОМ, До­сто­инс­тво, ДС. Прем­но­гу „Д“ во ни­за, кое би мо­же­ло да ста­не и сим­бол за ДИ­ЛЕ­ТАН­ТИ.
Бол­на­та пре­по­ра­ка до СДСМ и со СЈО, иа­ко збо­ру­ва­ме за исто­то тки­во со раз­лич­ни кра­тен­ки, бе­ше јас­на и су­ро­ва. Дип­ло­ма­ти­те изра­зи­ја на­деж де­ка „СЈО ќе би­де по­мал­ку вид­ли­во до из­бо­ри­те“, од­нос­но де­ка ќе го на­ма­ли ин­тен­зи­те­тот на пла­ни­ра­на­та кам­па­ња про­тив ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, т.е. ќе одр­жу­ва по­мал­ку прес-кон­фе­рен­ции со но­ви не­из­др­жа­ни пред­ме­ти чи­ја­што цел е ру­и­ни­ра­ње на кре­ди­би­ли­те­тот на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја и на неј­зи­ни­те чел­ни­ци.
Ин­те­рес­но, но, хро­но­ло­шки гле­да­но, бри­фин­гот на евро­дип­ло­ма­тот во Скоп­је и јас­на­та по­ра­ка до Ка­ти­ца Ја­не­ва за „ди­га­ње рач­на“ се слу­чу­ва­ат са­мо еден ден отка­ко „Ре­пуб­ли­ка“ пре­ду­пре­ди на пла­нот на СЈО и на СДСМ за 13-16 но­ви фин­ги­ра­ни пред­ме­ти про­тив ВМРО-ДПМНЕ, со де­та­ли за тоа кој, ка­де и за што ќе би­де об­ви­нет во дра­мо­ле­тка­та на не­ин­вен­тив­ни­те опо­зи­ци­ски стра­те­зи и сце­на­ри­сти. Не­пол­ни 24 ча­са по об­ја­ва­та на пла­нот од „Ре­пуб­ли­ка“, ЕУ по­са­ка СЈО да го на­ма­ли бро­јот на прес-кон­фе­рен­ции и слу­чаи до из­бо­ри­те и да би­де што по­ма­лу вид­ли­во до из­бо­ри­те. Во САД ве­лат де­ка „слу­чај­но­ста“ е на­чин на дејс­тву­ва­ње на Бо­га. Во Ма­ке­до­ни­ја и по­ши­ро­ко, пак, та­ка дејс­тву­ва­ат аген­ци­и­те. Не оние за нед­виж­но­сти…
Дали СДСМ е надвор од контрола на „чадорот”?
Исти­от тој дип­ло­мат ме­ѓу ре­до­ви ис­пра­ти и ед­на воз­не­ми­ру­вач­ка по­ра­ка. По кон­ста­та­ци­ја­та за по­тре­ба­та од по­ма­ла вид­ли­вост на СЈО и Ја­не­ва до из­бо­ри­те, тој до­да­де: „Иа­ко тоа ве­ќе е те­шко и не­воз­мож­но?!“ Не се до­об­јас­ни, ни­ту има­ше вре­ме да го сто­ри тоа. На што се дол­же­ше оваа ре­че­ни­ца? Си­те зна­е­ме де­ка СЈО и Ја­не­ва се нив­на твор­ба иа­ко, ве­ро­јат­но, тие не пла­ни­ра­ле ин­сти­ту­ци­ја­та да пре­рас­не во за­вод за вра­бо­ту­ва­ње из­ви­ка­ни и не­до­дел­ка­ни со­ци­јал­де­мо­кра­ти. Да­ли прок­ла­ми­ра­ни­от сом­неж на ЕУ за пре­кин на дејс­тви­ја­та на СЈО е знак де­ка СДСМ е над­вор од кон­тро­ла на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца? Зо­што за ЕУ би би­ло не­воз­мож­но да го пре­ки­не пар­ти­ско­то дејс­тву­ва­ње на СЈО, освен до­кол­ку За­ев не е над­вор од кон­тро­ла и да­ли, сфа­ќај­ќи ја без­из­лез­но­ста и не­ми­нов­но­ста на по­ра­зот, СДСМ се ре­ша­ва на очај­нич­ки че­кор во би­тка­та за власт во др­жа­ва­та ко­ја би го спа­си­ла од од­го­ва­ра­ње пред суд­ска­та власт? Те­шко ве­ро­јат­но де­ка пар­ти­ја­та му ја отка­жа­ла пос­луш­но­ста на ча­до­рот, но мно­гу ве­ро­јат­но де­ка по­втор­но ги пос­лу­ша­ле срп­ски­те про­да­ва­чи на ска­па маг­ла. Па, ко­га ус­пе­а­ја да им про­да­дат по­ло­ви­на и не­ус­пеш­на „Ша­ре­на ре­во­лу­ци­ја“ од Бос­на, зо­што да не им го про­да­дат и оби­дот за спас пре­ку Ја­не­ва. Ве­ро­јат­но, во кон­текст на ква­зис­лу­ча­и­те на СЈО, овој се ви­ка „Т’спас“ оти сѐ што про­из­ле­гу­ва од нив мо­ра да би­де на „Т“, не­ли…
Крик за спас на доходовниот семеен бизнис
Дру­га­та оп­ци­ја со наг­ла­та „ра­бот­ли­вост“ и „вор­ко­хо­ли­зам“ на СЈО би има­ла чи­сто пра­кти­чен, биз­нис ка­ра­ктер. Во вре­ме ко­га Хан и ЕУ-дип­ло­ма­тот во Скоп­је ја пре­скок­наа мож­но­ста за про­дол­жу­ва­ње на „ро­кот за упо­тре­ба“ на ква­зи­ин­сти­ту­ци­ја­та, се оби­ду­ва ли Ја­не­ва на­си­ла да ја на­мет­не по­тре­ба­та од неј­зи­на ег­зи­стен­ци­ја кај ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца? Отка­ко по се­та да­ре­на до­вер­ба, СЈО за 13 ме­се­ци не сра­бо­ти ама ни­што, са­ка ли се­га Ја­не­ва во пос­лед­ни­те ме­се­ци на по­сто­е­ње­то, со пос­лед­ни­те си­ли, да де­мон­стри­ра пос­луш­ност и да по­ка­же де­ка мо­же да одра­бо­ти не­што „саг­лам“ за пар­ти­ја­та и за „ча­до­рот“? Та­ка, удри ли СЈО на кван­ти­тет, по­ве­де­но од лич­на­та са­мо­свест де­ка ква­ли­тет ни­ко­гаш и не­ма­ло во оваа во­ну­став­на твор­ба.
Во ме­ѓу­вре­ме, од фор­ми­ра­ње­то во 2015 го­ди­на, па до­се­га, вло­гот на СЈО е мно­гу­крат­но зго­ле­мен. Збо­ру­ва­ме за по­ве­ќе­крат­на фи­нан­си­ска пе­не­тра­ци­ја на до­би­вка­та. Ако на по­че­то­кот се ра­бо­те­ше за пла­ти­те на Ја­не­ва, об­ви­ни­те­ли­те и на при­друж­ни­от пер­со­нал, се­га збо­ру­ва­ме за мно­гу по­го­ле­ма до­би­вка во нив­ни­те се­мејс­тва, ко­ја би ис­чез­на­ла до­кол­ку се уки­не СЈО. Да­ли пре­ку Уста­вен или пре­ку ро­кот на тра­е­ње, ште­та­та по „фа­ми­ли­јар­ни­те“ бу­џе­ти би би­ла страш­на…
Се­га, 15 ме­се­ци по фор­ми­ра­ње­то, вло­гот на СЈО е огро­мен. Да, во ме­ѓу­вре­ме, Ја­не­ва и неј­зи­ни­те об­ви­ни­те­ли фор­ми­раа се­меј­на фир­ма и си вра­бо­ти­ја сѐ што бе­ше без ра­бо­та во поб­ли­ско­то им оп­кру­жу­ва­ње. Вну­ци, бра­ќа, балд­зи, ба­џа­на­ци, се­стри и бра­ту­че­ди си ја нај­доа сре­ќа­та во Спе­ци­јал­но­то об­ви­ни­телс­тво, кое му да­де но­во зна­че­ње на кра­тен­ка­та СЈО. Таа се­га зна­чи СЕ­МЕЈ­НА ЈАВ­НОЗГ­РИ­ЖУ­ВАЧ­КА ОР­ГА­НИ­ЗА­ЦИ­ЈА. Збо­ру­ва­ме за мно­гу, сто­ти­ци ил­ја­ди евра се­меј­ни бу­џе­ти и за вра­бо­ту­ва­ња кои јав­но ги приз­на и са­ма­та Ја­не­ва.
Ар­но ама, таа си ка­жа (без да чи­та?!) оти неј­зи­но­то не би­ло не­по­ти­зам. Спо­ред ова, из­ле­гу­ва де­ка но­во­вра­бо­те­ни­те не се ви­нов­ни што им се род­ни­ни и, ед­но­став­но, што би­ле „из­бра­ни­те“, нај­до­бри­те од две­сте ил­ја­ди не­вра­бо­те­ни во зем­ја­ва. Бла­го­да­ре­ние на ВМРО-ДПМНЕ, пак, кон­ку­рен­ци­ја­та им се на­ма­ли. Пред 10 го­ди­ни стап­ка­та на не­вра­бо­те­ност бе­ше 38%, а се­га е око­лу 24%. Мо­же­би, ток­му по­ра­ди ова по­вол­ност и на­ма­ле­ни­от круг на кан­ди­да­ти, Ја­не­ва и об­ви­ни­те­ли­те си ги вра­бо­ти­ја најб­ли­ски­те. По­ра­но не ќе мо­жеа, кон­ку­рен­ци­ја­та на не­вра­бо­тен ка­дар бе­ше по­го­ле­ма. Иа­ко, по­кон­крет­ни­от дел од бла­го­дар­но­ста за из­бо­рот оди кон СДСМ…
СЈО се бори за место под сенката?
Цел­та и на „ча­до­рот“, нај­ве­ро­јат­но, не бе­ше ва­ква. Си­гур­но, СЈО не бе­ше кре­и­ра­но со ин­тен­ци­ја за фир­ма за вра­бо­ту­ва­ње род­ни­ни, дек­ла­ри­ра­ни просдс­мов­ски екс­пер­ти и кри­ми­нал­ци со та­пи­ја кои по 10 го­ди­ни пост мо­раа да до­би­јат на­гра­да за вло­гот во пар­ти­ја­та. Мо­же­би цел­та и не би­ла та­ква, но ни­кој, очиг­лед­но, не­мал пред­вид де­ка ова е на­ви­сти­на „спе­ци­јал­на“ ор­га­ни­за­ци­ја, соз­да­де­на за по­тре­би­те на пар­ти­ја­та со спе­ци­јал­ни по­тре­би. Или, ка­ко што ве­ро­јат­но би рек­ла Ја­не­ва на „Ед­но­о­ки“ (ве­ро­јат­но и на ја­ве): „Зна­чи, најс­пе­ци­јал­на, зна­чи, пос­пе­ци­јал­на здрав­је, зна­чи…“ Ка­ко и да е, при­до­не­соа ли се­меј­ни­те биз­нис-ре­ла­ции, прос­ле­де­ни со „бру­ка­та“ во јав­но­ста, во од­лу­ка­та на исти­от тој „ча­дор“, ко­неч­но, да ја лиз­не и дис­цип­ли­ни­ра мал­ку сво­ја­та „раз­уз­да­на“ из­бра­нич­ка и ќе се из­бо­ри ли таа пак за свое ме­сто под сен­ка­та?
Ах, да. Ко­га сме кај из­бо­ри­те. ЕУ не­о­фи­ци­јал­но со­оп­шти де­ка му го на­ма­ли из­бо­рот на СДСМ. Ќе мо­ра да ги приз­нае из­бо­ри­те на 11 де­кем­ври. Уште ед­на при­чи­на за па­нич­на акти­ва­ци­ја на ус­лу­ги­те на СЈО. Очиг­лед­но, не е лес­но ко­га Ја­не­ва е ва­ши­от единс­твен из­бор или ко­га не­ма­те из­бор, а из­бо­ри­те до­а­ѓа­ат…
Пишува: Љупчо Цветановски за „Република“Да­ли по­ра­ди неј­зи­на­та фи­зич­ка кор­пу­лент­ност или по­ра­ди очиг­лед­на­та

Пронајдете не на следниве мрежи: