РФМ воведе ограничување на бројот на странци во македонските клубови

На денешната седница на УО на РФМ донесена е одлука за ограничување на бројот на странските ракометари во македонските клубови, кои би настапувале на натпреварите во првенството и во Купот на Македонија.Ограничувањето не се однесува на вкупниот број на регистрирани странски ракометари, туку се ограничува бројот на странци што ќе можат да настапат на една средба.
Оваа мерка ќе се применува од сезона 2015/16, а бројот на странците ќе се намалува постепено. Така, во сезона 2015/16 максималниот дозволен број на странци ќе биде 12, следната 11, потоа 10, за да во сезоната 2019/20 се достигнат максималните 8.
Секако, во европските натпреварувања и во Регионалната лига лимит нема да има.
На денешната седница е зголемена и таксата за регистрација на странските ракометари, која од сегашните 800 се искачи на 1000 евра по странец.
РК МеталургОграничувањето не се однесува на вкупниот број на регистрирани странски ракометари, туку се ограничува бројот на странци што ќе можат да настапат н

Пронајдете не на следниве мрежи: