Ринго Стар ги ИЗНЕНАДИ СИТЕ: „Пол Макартни почина во 1966 година“

Митот за смртта на Пол Макартни, поранешниот член на групата Битлси, почна уште во 1969 година, а постојат сомнежи дека тој загинал во 1966 година. Наводно, Макартни во средата, на 9 ноември 1966 година излетал од пробата, влегол во својот автомобил и починал во тешка сообраќајна несреќа.За да не ја вознемират публиката и обожавателите, членовите на бендот наводно направиле договор и го ангажирале дублерот Вилијам (Били) Шерс Кембел, кој го заземал местото на Пол. Врз основа на различни факти и истражувања, беше заклучено дека ова никогаш не се случило, бидејќи помеѓу 6 и 19 ноември 1966 година, Макартни со девојката Џејн Ашер, отишле на патување низ Франција и Кенија.
Поранешниот тапанар, Ринго Стар, минатата недела даде изјава за „Холивуд Инкваер“, во која признал дека гласините кои траат веќе 45 години, се точни.
„Сите бевме во паника кога почина Пол. Не знаевме што да правиме, а Брајан Епштајн – менаџер на бендот, нѝ предложи да го вработиме Били Шерс како замена. Тоа требаше да потрае недела или две, но како што минуваше времето, одлучивме да продолжиме и никому да не кажеме за тоа. Се испостави дека Били е одличен музичар и дека неговата изведба е дури подобра од онаа на Пол. Единствениот проблем беше во тоа што тој и Џон воопште не се сложуваа“, тврди Ринго.

Иако сакале да ја соопштат вистината, тие се плашеле од реакциите на јавноста и одлучиле да молчат. Ринго ја дал изјавата затоа што се плашел дека тајната ќе ја понесе со себе во гроб, знаејќи дека има 74 години.
Вистината за смртта на Пол
„Холивуд Инкваер“ не постои всушност, а Ринго Стар не дал никакво ексклузивно интервју. WorldNewsDailyReport е сатиричен портал кој служи само за забава. Пол Макартни е жив и здрав, иако во моментов нема ДНК примероци за да се докаже оваа теорија. Постојат многу причини зошто оваа лага е неизводлива, пишува „Мирор“.
Сообраќајна несреќа
На 7 јануари 1967 година, автомобил со марка „мини купер“, во сопственост на Пол Макартни, всушност учествувал во тешка сообраќајна несреќа на автопатот во близина на Лондон. Така и започнале гласините. Зад воланот на автомобилот бил студентот Мухамед Хадиј, а Пол воопшто не бил присутен.За да не ја вознемират публиката и обожавателите, членовите на бендот наводно направиле договор и го ангажирале дублерот Вилијам (Били) Шерс Кембел

Пронајдете не на следниве мрежи: