Ристевски: Центарци на свој грб ја чувствуваат безидејноста на СДСМ

Мрзливиот Андреј Жерновски е единствениот градоначалник кој ништо нема сработено во својот мандат. Мрзливиот Жерновски во целиот свој мандат ќе остане запаметен како градоначалник кој не направил ништо корисно за граѓаните, освен двете боемски улици од над 1.2 милиони евра за да си ужива самиот на нив, истакна Јордан Ристевски, советник во општина Центар.
 Во продолжение следува интегрален текст од изјавата на Ристевски.
Доколку мрзливиот Жерновски се вратил од одморот во елитните хотели во Боровец, веднаш да им одговори на граѓаните на следните прашања:
– До каде е гасификацијата на училиштата во Општина Центар која ја вети на граѓаните?
– Дали е свесен дека градинката со која се фали, целата процедура, документација и финансии му беа обезбедени од претходниот Градоначалник? Всушност, таму веќе имаше барака, а сега е ѕидан објект.
– До каде е училиштето кое го вети уште во првата година од мандатот?
– Дали е свесен дека училиштето кое не им го направи на граѓаните, чини колку неговите две боемски улици?
– Дали знае мрзливиот Жерновски дека е убедливо најслабиот градоначалник, иако има најголем буџет?
Мрзливиот Жерновски им ги должи одговорите на овие прашања на граѓаните.
Тој ќе биде запаметен кај граѓаните како најмрзливиот градоначалник кој уредил 370 метри улички и потрошил 1.2 милиони евра. Тој исто така ќе биде запаметен како единствениот градоначалник кој се расфрла со 100-тици илјади евра за забави за ди џеи кои никогаш не настапуваат.
Мрзливиот Жерновски е веќе прочитана книга кај граѓаните. Тие веќе не му веруваат на неговите лаги, интриги и политиканство.
Граѓаните ќе стават крај на ваквото расипничко работење на мрзливиот Андреј Жерновски.
Граѓаните на Центар бараат одговорност за неработењето на Жерновски. Центарци на свој грб ја чувствуваат безидејноста и расипништвото на СДСМ.
Граѓаните на Центар не заслужуваат ваков однос.Во продолжение следува интегрален текст од изјавата на Ристевски.
Доколку мрзливиот Жерновски се вратил од одморо

Пронајдете не на следниве мрежи: