Ристовски: Најавите на СДСМ за зголемување на бројот на часови по математика се дволични

Најавите на СДСМ дека кога ќе дојдат на власт ќе го намалат бројот на предмети за учениците, а за сметка на тоа ќе се зголемат часовите по математика и англиски денеска заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски ги коментираше како дволичност на СДСМ и дека конечно сфатиле колку е важна Кембриџ програмата.Тој посочи дека кога ВМРО-ДПМНЕ сакаше да ја зајакне математиката тогаш СДСМ протестираа.
Ристовски образложи дека кога средношколците протестирале против интензивирање на математиката во програмата тие индиректно биле поддржани од СДСМ и тоа на штетат на самите ученици.
-Јас сум среќен што опозицијата прогресира во своите сфаќања и што навистина се уверија во фактот дека развојот и зголемувањето на математиката во наставата ќе мултиплицира со многу повеќе квалитет во учењето кај учениците. Математиката ќе им  помогне во животот затоа што дефинитивно покрај развојот на когнитивните способности и логиката која што им ја дава математиката на сите ученици таа има применливосот и во сите науки, рече Ристовски.
Ристовски посочи дека математиката е еден од круцијалните предмети за кој е потребно познавање дури и во уметноста.
-Интересен е прогресот во размислувањето на опозицијата, но за разлика од нив ние имаме континуитет во нашите убедувања и ние се уште стоиме на ставот дека математиката е и ќе биде еден од клучните предмети на кој што сериозно ќе му обрнеме внимание заради квалитетот и развојот на образованието на децата, рече Ристовски.
Во основното образование е целосно завршена примената на учебници по наставната програма од Кембриџ за математика и природни науки и се прават подготовките од идната година проектот да продолжи во прва година средно образование.
– Комплетирано е основното образование, заклучно со деветто одделение. Во тек е повикот, врз основа на кој Бирото за развој на образованието  потоа согласно со законот ќе продолжи преговори со Кембриџ и оваа година ги почнуваме подготовките за следната година да почеме од прва година средно со реформирани наставни програми по математика и природни науки за средно образование. Така што, континуитетот го обезбедуваме онака како што ветивме, рече заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски при посетата на локацијата каде што се гради спортска сала за ОУ „Кирил и Меродиј“.
Ристовски соопшти и дека се завршени наставните планови и програми за учебници за 113 предмети за средно стручно образование кои досега недостасуваа и дека за 40-ина дена ќе биде објавен повик.
– Сега сме во подготвителна фаза да се објави повикот да се набават учебници за 113 предмети во средно стручно образование, за тригодишното, а паралелно работиме на подготовката кај четиригодишното. Во наредните три години, година за година, ќе се менуваат учебниците и во средно стручно. Тука станува збор за помала количина учебници, бидејќи се специфични области, и очекувам побрзо да оди и завршувањето на изборот и подготовката на учебниците. Нашата идеја е да бидат преземени и преведени. Согласно договорот што го нудиме, ќе ни бидат понудувани три странски учебници и кој од нив најмногу ќе одговара на наставната програма, тој ќе биде преземен. Ако се оди како што треба, во наредните 40 дена треба да излезе повикот, а во следната учебна година учебниците би биле целосно во употреба, рече Ристовски.Тој посочи дека кога ВМРО-ДПМНЕ сакаше да ја зајакне математиката тогаш СДСМ протестираа.
Ристовски образложи дека кога средношколците прот

Пронајдете не на следниве мрежи: