Ристовски во општина Аеродром: Предвидено е остварување на неколку капитални проекти

Денеска сум во посета на општина Аеродром, и на еден начин во посета на неколку локации кои што се предвидени во рамки на програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ за следниот мандат, врз основа на истото би сакал да информирам дека токму на оваа локација во рамки на населеното место Лисиче, планирана е изградба на нов училишен објект за ОУ Димитар Македонски, соодветно на барањето на месното население и на потребите на учениците и наставниците, истакна Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.-Изработен е комплетно нов проект за изградба на ново училиште за ОУ Димитар Македонски, врз основа на проектирана вредност од 1,2 милиони евра. Министерството за образование целосно ќе ги обезбеди средствата за изградба на ова училиште. Јас очекувам по завршување на изборниот процес и формирање на Владата, Министерството за образование и наука, да веднаш распише тендер за избор на фирма изведувач, која што потоа ќе ги почне градежните активности.
Навистина, додаде тој, станува збор за една исклучително значајна инвестиција, заради тоа што постојниот училишен објект доста години е во употреба, станува збор за монтажен објект после земјотресот и граѓаните на општина Аеродром и на населеното место Лисиче, навистина заслужуваат една крупна инвестиција пред се за потребите на идните генерации.
-Општина Аеродром и понатаму останува во сериозниот фокус на ВМРО ДПМНЕ и за следниот период врз основа на планот и потребите за граѓаните на општина Аеродром предвидени се неколку значајни капитални проекти. Покрај ова основно училиште, планирана е изградба на спортска сала во Основното училиште Гоце Делчев во Долно Лисиче, истовремено планирана е изградба на комплетно ново средно училиште во рамки на општина Аеродром кое што ќе влезе во рамки на мрежата на средни училишта под Градот Скопје. Навистина еден капитален објект кој што ќе биде од исклучително значење и на еден начин ќе го подигне целокупното ниво и статус на општина Аеродром на територија на Градот Скопје.
Покрај изградбата и на средното училиште, рече Ристовски, предвидена е и изградба на базен и на уште пет детски градинки со оглед на фактот што се повеќе и повеќе се шири општината Аеродром се зголемува бројот на семејства кои што одлучуваат да живеат во рамки на општина Аеродром, се зголемува и наталитетот и потребата за детски градинки е неопходна и врз основа на тоа ВМРО ДПМНЕ предвидува и пет нови детски градинки во рамки на општина Аеродром.
-Уште едно ново училиште е планирано во рамки на Изборната Единица 1, поточно во општината Студеничани, во населеното место Батинци, предвидена е изградба на исто така нов училишен објект за потребите на месното население и учениците кои што во моментов одат во други училишта и неопходно е да бидат транспортирани и пренесувани во други населени места, а ова беше исто така едно крупно барање на жителите на Батинци, ние имавме неколку интензивни средби со нив, додаде Ристовски.-Изработен е комплетно нов проект за изградба на ново училиште за ОУ Димитар Македонски, врз основа на проектирана вредност од 1,2 милиони евра. Ми

Пронајдете не на следниве мрежи: