Роаминг повеќе нема да постои: Еве колку ќе чинат повиците, пораките и интернетот

Преговарачите на Европскиот парламент, Собранието и Комисијата се договориле околу регулирање на цените кои телекомуникациските оператори меѓусебно ќе ги наплатуваат за услугите на роаминг, што е последен елемент кој остана да се исполни за конечно укинување на наплатата на роаминг во Европска унија од 15 јуни оваа година.
 Од 15 јуни сите граѓани на ЕУ ќе може да ги користат своите мобилни телефони и надвор од својата матична мрежа по исти цени кои ги договориле со своите оператори за користење во својата земја.
Трите европски институции ги договориле највисоките цени кои операторите можат меѓусебно да ги наплатуваат за услугите во роаминг.
Така цената за гласовните повици од 15 јуни ќе може најмногу да чини 3,2 центи, а за СМС 1 цент.
Што се однесува до интернетот, договорено е постапно намалување за претстојниот петгодишен период. Од 15 јуни оваа година за 1ГБ ќе се наплатува најмногу 7,7 евра, а со постапно намалување ќе се дојде до 2,5 евра од 1 јануари 2022 година.Од 15 јуни сите граѓани на ЕУ ќе може да ги користат своите мобилни телефони и надвор од својата матична мрежа по исти цени кои ги договориле со св

Пронајдете не на следниве мрежи: