Роби Милер/Robby Muller, BVK/NSC- „Награда за животно дело Златна камера 300“

Поврзаноста на Роби МИЛЕР со фестивалот БРАЌА МАНАКИ, на 37 издание, 2016, ќе ја има својата симболика во одбележувањето на 20 годишниот Јубилеј, кога за првпат, на 17-то издание во 1996, учествуваше во компетицијата со филмот СПРОТИ БРАНОВИТЕ/BREAKING THE WAVES, создавајќи го ова ремек дело во креативен тандем  со режисерот Ларс Фон Триер, за што ја доби заслужената Бронзена Камера 300.Повторно пак заедно се појавија во 2000 година во компетицијата на 21. фестивал БРАЌА МАНАКИ, со уште еден голем  филм каков што беше ТАНЦУВАЧ  ВО МРАКОТ/DANCER IN THE DARK.
Потоа, поврзаноста природно се крена на повисоко ниво, кога во 2002, на 23. издание во Битола, Роби Милер заслужено стана лауреат на  “Специјалната  наградата Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност” (кога во негова чест го прикажавме филмот  МОЈОТ БРАТ ТОМ/MY BROTHER TOM, во режија на Англичанецот,  Дом Ротеро/Dom Rotheroe), а воедно беше и претседател на интернационалното жири.
 Со годинешната “НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗЛАТНА КАМЕРА 300”, фестивалот БРАЌА МАНАКИ на најдобар можен начин ќе го прослави и круниса извонредниот  креативен и уметнички опус на еден од најголемите и најценети светски кинематографери-РОБИ МИЛЕР.
Благоја Куновски – Доре
Директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“Повторно пак заедно се појавија во 2000 година во компетицијата на 21. фестивал БРАЌА МАНАКИ, со уште еден голем  филм каков што беш

Пронајдете не на следниве мрежи: