Родителите на ова момче тврдат дека нивниот син се самоубил поради глупаво видео!

Брачен пар од Сан Диего тврди дека нивниот 14-годишен син се самоубил поради тоа што едно срамно видео од училишниот тоалет во кој што бил снимен, излегло на виделина. Тие велат дека нивниот син „безмилосно бил напаѓан“ поради тоа.Тимоти и Барбара Бурдет бараат отштета од 1 милион долари од училиштето во кое учел нивниот син. Тие велат дека еден наставник, администраторот, па дури и други вработени, знаеле дека нивниот син бил подложен на секојдневни малтретирања, но дека никој не преземал никакви мерки за да го заштитат.
Според нивните тврдења, Метју бил избркан од училницата бидејќи јадел семки од сончоглед. Наставникот не му дозволил да оди никаде и тој на крај завршил во тоалетот.
Друг ученик видел дека Метју е таму и ја вклучил камерата да го снима додека Метју грицкал сончоглед во тоалетот.
„Уште од моментот кога видеото беше објавено, Метју стана мета на насилници и разни провокации од страна на другите ученици кои ја виделе снимката. Ова продолжи во наредните две недели“, вели мајката.
Полицијата од Сан Диего излезе со кратко соопштение дека момчето кое го снимило Метју е уапсено и се чека да му се суди на 23 јули, во Судот за малолетници.Тимоти и Барбара Бурдет бараат отштета од 1 милион долари од училиштето во кое учел нивниот син. Тие велат дека еден наставник, администраторот, па

Пронајдете не на следниве мрежи: