Рокот за обнова на документацијата за правата од социјалната заштита

Денеска истекува рокот за обнова на документацијата за остварување на правата од областа на социјалната заштита. Од Министерството за труд и социјална политика апелираат сите кои досега тоа не го направиле да се обратат во најблиските центри за социјална заштита и да се пријават.
 Тие со себе треба да носат само лична карта и да дадат изјава за согласност за користење на нивните лични податоци во постапката за остварување на овие права. Сите други документи институциите ќе ги прибават по службена должност од УЈП, Фондот на ПИОМ, Катастарот, од Агенцијата за вработување, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството  и руралниот развој, МВР, Управата за водење матични книги и НБРМ.
Постапката за обнова на документацијата е започната на 19 декември 2016 година. Лани биле регистрирани околу 27 илјади корисници на права од социјална заштита.
Во тек е обновата на документацијата за детските права, односно посебниот додаток за дете, детски додаток и родителски додаток за трето и четврто дете. Обновата ќе трае до 31 март годинава. Лани право на родителски додаток за трето дете оствариле 23.246 корисници, а за четврто 814.Тие со себе треба да носат само лична карта и да дадат изјава за согласност за користење на нивните лични податоци во постапката за остварување на

Пронајдете не на следниве мрежи: