Романот „Трач“, бестселер на „Њујорк тајмс“ и со македонски превод

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство го најавува објавувањето на романот „Трач“ од бестселер-авторката на „Њујорк тајмс“, Елин Хилдербранд. „Антолог“ и официјално ќе биде издавач на македонски јазик на книгите на авторката позната како „кралицата на летните љубовни романи“.Следните гласини за неа се точни: ги пишува своите романи рачно, добра готвачка е, но катастрофална градинарка, и се бори со рак на дојката. Сè друго е отворено за шпекулации. На македонски делото го преведе Нина Рудиќ.
„Трач“ е прекрасна книга за опуштање во секое време и на секое место. Меделин Кинг и Грејс Панцик се најдобри пријателки на кои им завидува целиот остров Нантакет поради сето она што го имаат – совршени бракови, прекрасни деца, заеднички вечери во недела навечер. Сепак, Грејс ѝ се доверува на Меделин дека го изневерува сопругот, а оваа почнува да пишува роман за тоа, сакајќи да го објави зад нејзин грб… А, доколку во Нантакет сакаат нешто повеќе од коктели на плажа на зајдисонце, тоа е – добар трач. И додека Грејс и Меделин се обидуваат да ги поправат работите, можно е вистината да биде полоша и од тоа што народот зборува.
Емотивната сага „Трач“ е петнаесеттиот роман на Елин Хилдербранд. Сите нејзини книги се случуваат во околината на островот Нантакет, каде што и самата живее со сопругот и со трите деца. Како тинејџерка секое лето го минувала на Кејп Код, безгрижно уживајќи, сè додека татко ѝ не загинал во авионска несреќа. Следниот одмор решила да работи, поставувајќи си нова животна цел: секогаш да ѝ биде лето.Следните гласини за неа се точни: ги пишува своите романи рачно, добра готвачка е, но катастрофална градинарка, и се бори со рак на дојката. С&egra

Пронајдете не на следниве мрежи: