РОМАНТИЧЕН НОЛЕ: „Го растури“ противникот на Вимболдон, па и посвети ЕМОТИВЕН СТАТУС на Јелена!

Новак и Јелена Ѓоковиќ вчера ја прославија првата годишнина од бракот и двајцата тој датум го обележаа на своите социјални мрежи. Сепак, Ноле имаше повеќе од една причина за славење, но еве која му е најважна.Ноле на својот Фејсбук профил вчера сподели фотографија со Јелена, со емотивна порака.
– Вечерва имам толку многу причини за славење. Сепак најважна е првата годишнина од брак. Една година сме во брак  и 10 години заедно, мојата љубов и јас. Старееме заедно – напиша романтичниот терминатор, кој неколку часа пред тоа го „исчисти“ од терен својот противник на полуфиналето на Вимболдон, Ришар Гаске.

Ниту Јелена не му остана должна. Таа на својот Фејсбук профил сподели преубава фотографија од нивната венчавка.

 

Фановите едвај ги дочекаа овие фотографии, а еден од нив му испрати посебна порака во коментар, пред утрешното финале:
– Одери го ти Федерер во недела па лесно е за годишнината! Шега на страна, се најдобро па да додадете уште една нула – му порача навивачот на Ѓоковиќ.
Новак и Федерер утре ќе ги одмерат силите на централниот терен на Вимболдон. Ноле на својот Фејсбук профил вчера сподели фотографија со Јелена, со емотивна порака.
– Вечерва имам толку многу причини за славење. Сепак

Пронајдете не на следниве мрежи: