Ромите во одбрана на Македонија: Со албанската платформа се загрозува суверенитетот и унитарниот карактер на државата

Со албанската платформа се загрозува суверенитетот и унитарниот карактер на државата, истакна вчера припадничката од ромска нациуоналност, Адријана Бекир која е дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.-Република Македонија треба да остане мултиетничко суверено општество, да не биде само бинационално, треба да се запазат и другите етнички заедници. Во Македонија живеат повеќе етнички заедници треба да се почитуваат правата на сите, а не само да биде отворено албанското прашање. Со оваа платформа сметам дека е загрозен суверенитетот на државата, јазикот и запоставени се другите етнички заедници, вели Бекир.
Пред неколку дена, Демократските сили на Ромите, најголемата ромска партија во Р. Македонија побара и ромскиот јазик да биде официјален јазик во Р. Македонија доколку тоа се случи со албанскиот јазик. Според нив после Албанците тие се најголемото малцинство и ако дојде до промена на државните симболи на Македонија, треба да бидат вметнати и ромски симболи.
Ромите се против фаворизирање на одредени заедници  при што се врши дискриминација на останатите заедници кои живеат во Р. Македонија. Според нив, Македонија е држава на Македонците , Албанците , Ромите и сите етнички заедници и за да не се создаде неправедност треба да зачува унитарноста на државата.-Република Македонија треба да остане мултиетничко суверено општество, да не биде само бинационално, треба да се запазат и другите етнички заедници

Пронајдете не на следниве мрежи: