Роналдо дома пречекан со извиците ’Меси, Меси’

Loading...

Кристијано Роналдо, веќе стана имун, кога на гостувањата, противничките навивачи го провоцираат со извиците ’Меси, Меси’, но Португалецот не можеше да претпостави дека тоа може да му се случи во татковината.
Имено, Роналдо, последен од репрезентативните колеги пристигнал во Гимараеш, каде Португалија, во среда, ќе одигра пријателски меч со Еквадор, а по неговото пристигнување еден навивач започнал да скандира ’Меси, Меси’. Роналдо не се чувствувал пријатно од повиците, но успеал да остане смирен и порачал. „Играм за репрезентацијата веќе десет години и сигурно дека еден изолиран инцидент нема да ме вознемири. За мене е голема чест што ја претставувам мојата земја, кога сум во репрезентацијата се чувствувам како да сум во семејството“, рекол Роналдо.
 
Mакфакс
Кристијано Роналдо, веќе стана имун, кога на гостувањата, противничките навивачи го провоцираат со извиците &rs

loading...
Loading...