Русија ја запре испораката на гас за Украина

Газпром ги затвори вентилите за испорака на гас за Украина, се додека официјален Киев прво не плати за количината која сака да ја користи  – соопштија од седиштето во Москва.Принципот аванско плаќање или „плати, па користи “ е на сила од 10 часот изутринава по московско време, откако Нафтогас не го испочитува рокот и не го подмири долгот од 1,9 милијарди долари.
„Одлуката е донесена поради хроничното неплаќање на испорачаниот гас кон Нафтогас Украина. Компанијата ги нема измирено фактурите од ноември и декември, но има и неподмирени сметки за април и мај годинава “ стои во соопштението на руски Гаспром.
За случајот, ќе расправа и Меѓународниот суд во Стокхолм, кој што на барање на Гаспром  отвори предмет. Но и Нафтогас, возврати со контра- тужба и барање да се   воспостви единствена пазарна цена на гасот, што ќе важи за сите потрошувачи. Дополнително, арбитражата ќе треба да пресмета дали Украина по досегашната цена  го претплатила  гасот.
Настаните меѓу Киев-Москва го мобилизираше и политичкиот врв во двете земји. Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук размислува да воведе вонредна состојба во сферата на енергетиката. Додека како ќе се однесува официјлна Москва во иднина ќе зависи од одлуката која претседателот Владимир Путин ќе ја донесе  откако извршниот директор на Газпром Алексеј Милер ќе реферира за деталите од спорот.
Настаните меѓу Киев-Москва го мобилизираше и политичкиот врв во двете земји. Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук размислува да воведе вонредна состојба во сферата на енергетиката. А како ќе се однесува официјлна Москва во иднина ќе зависи од одлуката која претседателот Владимир Путин ќе ја донесе  откако извршниот директор на Газпром Алексеј Милер ќе реферира за деталите од спорот.
Во меѓувреме, од седиштето на Гаспром во Москва смируваат дека за останатите потрошувачи во Европа ќе важат старите правила. Испорака на гас ќе продолжи по договорените услови, но Нафтогас ќе мора да обезбеди услови за  гасот транзитно да поминува низ Украина и  при тоа нелегално да не зема од колучините наменети за Европа.
„Европските потрошувачи ќе добиваат гас со полн капацитет“ изјави Сергеј Купријанов, од Гаспорм.
Еврокомесарот за енергетика Гинтер Отингер од Брисел предупреди дека актуелната состојба не и оди во прилог на унијата. Ова може да е најава за ладна зима за Европа – посочи Отингер.Принципот аванско плаќање или „плати, па користи “ е на сила од 10 часот изутринава по московско време, откако Нафтогас не го испочитув

Пронајдете не на следниве мрежи: