Русија подготвена на разговор за силите на ОН во Мали

 Русија којашто во текот на март го презема ротирачкото претседателство со Советот за безбедност при Обединетите нации, соопшти во средата дека е подготвена да разговори за мировни сили на ОН за Мали, каде што во моментов дејствува воена мисија којашто ја предводат африканските сили.Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун минатата седмица изјави дека што е поскоро можно треба да се одржат разговори за разместување на мировните сили на светската организација во Мали.Франција, од своја страна, уште пред еден месеци нагласи дека посакува африканската мисија во Мали да ја заменат мировните сили на ОН, најдоцна до април.„Подготвени сме за разговори во Советот за безбедност на ОН по прашањето за разместување на мировна мисија во Мали под покровителство на Обединетите нации“, изјави портпаролот на руското министерство за надворешни работи Александар Лукашевич на редовниот седмичен брифинг за новинарите.Навестил дека таквата одлука би можела да биде донесена кон крајот на март, кога Русија ќе одржи разговори во Советот за безбедност во врска со ситуацијата во Мали којашто ќе вклучуваат расправа за „давањето компонента на операцијата на ОН во оваа земја“.
Макфакс Русија којашто во текот на март го презема ротирачкото претседателство со Советот за безбедност при Обедин

Пронајдете не на следниве мрежи: