Русија тргна во напад против порно сајтовите: „Водете љубов во живо“

Русија повторно ги нападна веб-страниците, овој пат оние од категоријата „порно“. Тамошните власти преземаат мерки против порно сајтовите под изговор дека подобро е младите Руси да се гледаат и сретнуваат во живо, отколку на интернет.Земјата преку своите механизми за контрола и следење на телекомуникациите, интернетот и масовните медиуми и со посредство на судовите, успеа веб-страниците „Ју порн“ и „Порн хаб“ привремено да ги отстрани од рускиот интернет простор.
Судот, сепак, оставил отворена можност дека за одлуката за забрана на најголемите порно сајтови ќе може да се дискутира повторно.
Се разбира, ваквата одлука на властите наиде на лавина негативни реакции во јавноста. Еден гневен корисник преку Твитер поставил прашање на профил на руските власти, со кое сакал да дознае дали тие планираат да понудат некаква алтернатива за укинатите порно сајтови.
Одговорот од таму гласел: „Почитуван Љоља, алтернативата е да си најдеш некого во реалниот живот“.Земјата преку своите механизми за контрола и следење на телекомуникациите, интернетот и масовните медиуми и со посредство на судовите, успеа веб-ст

Пронајдете не на следниве мрежи: