Руска пензионерка ја доби најголемата премија на лото

Пензионерка од Русија освоила пола милион рубљи, односно 7,2 милиони евра на лотарија, а со тоа оваа сума е и најголема во историјата од постоењето на лотото во Русија.Државната лотарија „Столото“ објави дека Наталија Власова (63) од едно населено место 600 километри јужно од Москва е добитничка на највисоката премија за време на нивнотот постоење.
Во видеото кое го направи државната лотарија со оваа пензионерка, вели дека нејзината внука прва го проверила ливчето и заклучила дека тоа не е добитно, но таа повторно го проверила ливчето откако медиумите објавиле дека лотото се паднало во нивниот регион.
Се случува нешто неверојатно, си помислила внуката на добитничката кога дознала дека ливчето е добитно.
Инаку сумата на лотото за разлика од Европа и Америка е многу ниска, но  пола милијарди рубљи е голема сума за просечните Руси чии што пензии во просек изнесуваат околу 200 евра месечно.
Добитничката вели дека пола од парите ќе ги донира во добротворни цели.
 
Државната лотарија „Столото“ објави дека Наталија Власова (63) од едно населено место 600 километри јужно од Москва е добитничка на нај

Пронајдете не на следниве мрежи: