Руската армија набавува 2.000 авиони

 Русија планира од вкупниот буџет за одбраната до 2020 година, да издвои 25 отсто за модернизација на авијацијата, или 160 милијарди долари, најави во среда рускиот претседател Владимир Путин, истакнувајќи дека тоа е историска шанса за руското воздухопловство.Тие пари ќе се искористат за набавка на околу 2.000 авиони и хеликоптери од најновата генерација, рече Путин, при обиколката на фабриката за авиони „Чкалов“ во Новосибирск.„Ова е една историска шанса да се достигнат одбранбените цели кои стојат пред Русија, смета Путин, истакнувајќи дека „тоа треба да се направи сега кога имаме доволно пари“.Според него, со набавката на толкав број авиони, „уделот на модерната авијација во руската армија од бедните 20 отсто, до 2020 година би пораснал на 70 отсто“.
Макфакс Русија планира од вкупниот буџет за одбраната до 2020 година, да издвои 25 отсто за модернизација на авија

Пронајдете не на следниве мрежи: