Руската национална валута денеска забележа драстичен пад

Руската национална валута денеска забележа драстичен пад, намалувајќи се на ниво од под 50 рубљи за еден долар, откако Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) вчера донесе одлука да не ја намалува дневната квота за производство на нафта.Според Moscow Times, еден американски долар денеска се менуваше за 49,90 рубљи, со што се зголеми веројатноста дека централната Банка на Русија ќе преземе дополнителни мерки за стабилизирање на националната валута. Во однос на понеделникот, вредноста на руската рубља денеска беше помала за околу 10 проценти.
Во текот на летото, цената на нафтата изнесуваше 115 долари за барел. Околу половина од буџетот на Русија се полни од извозот на енегренси, поради што падот на цената на нафтата има негативни последици врз вредноста на рубљата, но и на акциите на руските компании.
Од почетокот на годината, рубљата се намали за 30 проценти во однос на американскиот долар. Ваквиот пад се должи на поевтинувањето на нафтата, но и на санкциите што Западот ги воведе кон Русија поради случувањата во Украина.Според Moscow Times, еден американски долар денеска се менуваше за 49,90 рубљи, со што се зголеми веројатноста дека централната Банка на Русија ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: