Руски аналитичар предупредува на планот на САД и НАТО за окупација на Балканот!

Сирија и Украина не се единствени земји врз кои се сруши дрскиот светски хегемон кој насрнува на Русија. Еден од најважните региони, каде е поставена новата спирала на судири на геополитичките интереси на Русија и САД е таканаречениот Западен Балкан, смета рускиот филозоф и аналитичар Владимир Лепехин чиј авторски текст за РИА Новости го пренесуваме во целост:Во периодот од 1991 до 1999. година САД и НАТО нанесоа серија на хибридни удари на Југославија, пред се по Србите, претварајќи ја некогаш просперитетната мултинационална земја во збир на мали држави, измачени со меѓунационални судири, а Србите отпадници на Европа. И денес, Стејт департментот нема намера да ги предаде клучевите за решавањена нивните проблеми. Напротив, стратегијата на САД и НАТО за регионот се состои во тоа да збирот на земји кои ја опкржуваат Србија да потпаднат во нов конфликт – така најдобро можат да го држат Западен Балкан под контрола. Поедноставно речено, да го окупираат.
Голема Албанија ќе започне со смртта на малата МакедонијаДенес во регионот постојат неколку замрзнати или конфликти кои тлеат. Замрзнати – во српската Автономна покраина Косово и Метохија, окупирана во 1999. година од страна на албанските милитанти со директна воена интервенција на НАТО и САД.Оние конфликти кои тлеат, имаме во Босна и Херцеговина, каде Република Српска истапува против евроатлантските интеграции, во Црна Гора, која со фактичка анексија на САД се обидува да се претвори во протекторат на НАТО и во Македонија, во која исто така започнато „големоалбанското сценарио“ за десуверенизација на земјата.
Минатиот петок во Русија делегација од парламентарни политички партии од Република Македонија ја посети Москва, која ја предводеше претседателот на македонската политичка партија „Граѓанска опција за Македонија“ (ГРОМ) Стевчо Јакимовски. За време на состанокот на Македонските парламентарци со колегите од Државната Дума на Русија, констатирано е дека во последно време во Македонија се превземаат се поагресивни обиди за трансформација на земјата во протекторат на НАТО против волја на мнозинството граѓани.Според мислењето на претставникот на руската страна, пратеник во Руската Дума Сергеј Железњак, „денес по директен притосок однадвор, се врши грубо мешање во внатрешните работи на суверена Македонија, промена на националиот идентитет, името на земјата, Уставот, државното уредување и националните симболи“.Напоменувам дека пред неколку месеци, американското воено аташе во Белград Мет Макреј во интервју за српските медиуми ги разоткри картите на американските насилници, со напомена дека нивната цел е „вклучување на шесторката народи на Балканот во меѓународниот систем“.
Под меѓународен систем, Макреј очигледно го има во вид не толку ЕУ колку НАТО. Притоа, мислењето на граѓаните на овие земји за американската дипломатија и официјалните лице од северно-атлантскиот сојуз, судејќи по се, не ги интересира. Но, зошто толку брзање? Што е причината за брзото и упорно вовлекување на Црна Гора, Македонија и Србија во воените игри – преку дрско поткупување на елитите, организирање на провокации против Русија (како што тоа се случи во Црна Гора, каде западните разузнавачки служби наводно открија и уапсија агенти на Москва „кои спремале државен удар“, како и заплашување и прогон на противниците кои се против претварањето на Балканските земји во приказната на северноатлантскиот сојуз и САД?
Се ова личи на припрема на Хитлеровиот поход на исток од 1941 година преку формирање на сеевропска „антисоветска коалиција“ од земјите окупирани од Вермахтот. Еве, дури и потрпетседателот на САД Мајкл Пенс има намера на 2.август оваа година да ја посети Црна Гора, за да земе учество на самитот на Јадранската повелба, и истовремено да изврши инспекција на новата колонија и да фрли 10 милион долари „помош“ на Подгорица, како награда за правилен избор на сојузници.
Експертот објаснува зошто САД праат негативна слика за Русија на БалканотВо САД добро знаат дека Првата светска војна започна на Балканот. И ако за цел повторно имаат распламтување на уште една голема војна во Европа, подобро место од Западен Балакан, за таков почеток не може да се најде.
Друга работа е тоа што европските земји, вклучително и Германија, во дадениот момент не се мотивирање за поттикнуање на нова светкса кланица. Значи, новиот светски хегемон, односно НАТО, може да се потрпе единствено на својата бирократија, која станува главен инструмент на сила усмерена на ескалација на војна против неугодните земји.Во САД најверојатно разбираат дека од расцепкатните фрагменти на Европа во блиска иднина може да се формира сојуз на збир на балкански земји, кои ќе станат сериозен фактор на корекција на сеевропската политика и алтернатива на земји-марионети како што се Полска и земјите од Балтикот.
Ете поради што американската дипломатија денес прави се да не дозволи обединување на земјите од бивша Југославија, како и нивниот економски и политички развој. И најдобар начин на обезбедување на сигурна контрола на Западен Балкан станува стварање на систем на надворешно управување над регионот од страна на наддржавни меѓународни структури, што, за што всушност и зборува Мет Макреј во интервјуто.
Уште поголема определеност по ова прашање искажува амбасадорот на САД во Србија Кајл Скот, кој во своето интервју за радиотелевизија Војводина, пред три недели, буквално го изјави следното: „Јас гледа како Русите активно учествуваат во субверзивна активност во земјите од регионот (на Балканот) и ја користат српската земја за, јас тоа би го нарекол злочудно влијание на Русија“, по што пред јавноста покажа најголем степен на некомпетентност, наведувајќи дека „рускиот хуманитарен центар во Ниш – е центар за шпионажа“. Се поставува прашањето: a што е тогаш разместувањето на американски и натовски воени бази на Балканот? Дали тоа се хуманитарни центри? Па и самиот амбасадор: што е тој, дипломат или надзорник – претставник на насилната структура, која смета дека е нормално да се диктира на суверена земја услови?
Како да се запре окупацијата на Западен Балкан
Се поочигледно е дека САД, користејќи го своето влијание во НАТО, сакаат да го претворат Балканот во проамерикански тројански коњ во Европа. Највеќе што може да направи Русија, непретедирајќи да ги вовлече Балканските земји во Евроазиската економска унија и Организацијата на договорот за колективна безбедност, е да му ги отвори очите на населението од регионот и други земји во светот за криминалните планови на глобализаторот.САД и НАТО на Балканот му нудат независност од Русија, и во корист на тоа пласираат митови за некакви злобни планови на РУсија во однос на Балканските земји, истовремено на секој начин блокрајќи веродостојна информација.Од разговорот со лидерите на Македонските партии ГРОМ и ДПСМ на Стевчо Јакимовски и Иван Стоилковиќ, авторот на овие редови дошол до заклучок дека, на пример, во Македонија денес доминира проамериканската пропаганда. Сите независни и национални медиуми се уништени, така да, не само граѓаните на оваа земја, туку и политичарите од Македонија не знаат, на пример, за постоењето на Евроазиската економска унија.Со што балкансктие земји можат да се спротивстават на своите прекуокеански надзорници? Претпоставувам дека единствен начин за зачувување и засилување на нивниот идентите и независност може да биде единствено надворешна политика насочена на постигнување на вонблоковски статус на балакнските земји.
Денес на Западен Балкан останаа три земји „без газда“ – Македонија, Србија и делумно Босна и Херцеговина – поради својата проблематичност. Очигледно е дека, преку уништување на Македонија по пат на провоцирање на побуна кај албанското население во земјата и користејќи го македонско-албанскиот судир за воведување на трупи на НАТО во Македонија – северно-атлантскиот сојуз брзо ќе ја завземе и Србија.
Неслучајно со поддршка на САД во регионот е започнат „Проектот на албански општини“ кој има за цел да направи хоризонтален систем на взаемна поддршка општината под контрола на Албанците, всушност од Албанија, Приштина, Македонија, Црна Гора и прешевската долина во Србија.
Ледена ракија на плус 40 степени во Белград
Таква е Балканската перспектиа, која, како што претпоставувам, добро знаат во Белград, каде во јуни оваа година, со поддршка на претседателот на земјата Александар Вучиќ е започнат стратешкиот дијалог – формат на меѓународно решавање на клучните проблеми во регионот.Еден од првите резултати на овој дијалог се понатамошни чекори во развој на концептот „Б-4“, кој ги здружува четирите балкански земји (Србија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина) околу идејата за вонблоковски статус на овие земји.
Друг, не помалку значаен резултат е поддршката на идејата на Вучиќ за формирање на Балканска царинска унија (со учество на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Албанијa).Во периодот од 1991 до 1999. година САД и НАТО нанесоа серија на хибридни удари на Југославија, пред се по Србите, претварајќи ја некогаш просперит

Пронајдете не на следниве мрежи: