Руски „Известија“ предупредува: Во јуни почнува реализацијата на Голема Албанија

Угледниот руски портал Известија.ру предупредува дека по вонредните избори на 11 јуни во Приштина на власт ќе дојдат екстремни националисти кои сериозно ќе започнат со процесот на формирање на Голема Албанија, а една од најважните функции во новата влада на Косово ќе ја добие воениот злосторник, Рамуш Харадинај.Рускиот портал истакнува дека предизборните истражувања предвидуваат победа на екстремно-националното движење „Самоопределување“ кое отворено се залага за одржување на референдум за соединување на Косово и Албанија.
Како што предвидуваат аналитичарите, наведува Известија, значајна функција на Косово ќе добие и воениот злосторник и лидер на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај.
Извештајот наведува дека заканите за Голема Албанија биле едена од главните теми во разговорот помеѓу Путин и Александар Вучиќ кој пред 3 дена го имале во Пекинг.
Споменатиот портал објаснува дека партијата „Самоопределување“ е еден од главните фаворити за победа на предвремените избори на Косово и додава дека политичката програма на таа партија содржи и директен повик за соединување на Косово со Албанија и одржувае на референдум за тоа прашање.
– Ако предизборните прогнози се точни, нашата партија ќе победи на изборите и ќе одлучува кој ќе биде новиот премиер. Нашиот главен кандидат е поранешниот претседател на движењето – Албин Курти, изјавил за рускиот портал шефот на прес службата на Самоопределување.
– Падот на владата на Иса Мустафа може да се објасни на само еден начин, а тоа е заради американскиот притисок над косовските албанци и за да ја забрзаат реализацијата на проектот Голема Албанија. Можното враќање на Рамуш Харадинај во политиката значи поагресивни планови на Косово кон односите со Србија и Македонија, изјавил за Известија директорот на Балканскиот центар за меѓународна соработка, Виктор Колбановски.
Српскиот аналитичар пак, Драган Станоевиќ за порталот истакнал дека ослободувањето на Харадинај е поврзано со предверемените извори на Косово.
– Харадинај е воен злосторник и криминалец како и познат заговорник на идејата за Голема Албанија. Поставувањето на такви луѓе на водечки позиции на Косово е најава за почеток на судирите. Впрочем, шефот на албанската заедница во Прешевската долина веќе најави дека овие области ќе се спојат со Косово, истакнал Станоевиќ.
Важно е да се напомене, пишува овој руски портал, дека политичката криза на Косово предизвикува засилување на националните чувства на Албанските жители. Известија заклучува дека реализацијата на проектот Голема Албанија е само почеток на „нова југословенска криза“.
– Западот, поддржувајќи ја Тирана, Приштина и албанските малцинства во земјите од регионот, наскоро би можел да резултира со нови конфронтации, кои би можеле да прераснат во воени судири, заклучува Известија.Рускиот портал истакнува дека предизборните истражувања предвидуваат победа на екстремно-националното движење „Самоопределување“ кое от

Пронајдете не на следниве мрежи: