САД ги шпионира мобилните телефони на граѓаните

Американското Министерство за правда долги години собирало податоци од мобилни телефони на десетици илјади обични американски граѓани во тајна шпионска програма, чија цел била лоцирање и апсење криминалци, објавија американски медиуми.За шпионажата се користеле едноставни средства – авиони со опрема слична на онаа што ја користат предаватели за мобилна технологија надлетувале одредена зона за да обезбедат сигнал од мобилни телефони, кои инаку се програмирани да се конектираат на најблискиот предавател, објави „Волстрит џурнал“.
Штом ќе се воспоставела врска меѓу опремата во авионот и мобилните телефони, податоците можеле да се собираат, а врската да се префрли на вистински предаватели. Таа високотехнолошка опрема во облик на кутија, произведна во Боинг, може автоматски да им обезбеди на конектираните телефони најдобра можна комуникација.
Илјадници мобилни телефони биле приклучени на тие „лажни мрежи“, а тоа нивните сопственици не го знаеле. На тој начин станале достапни нивните телефонски податоци и информации за локацијата, наведува американскиот весник. Американското Министерство за правда одби да ги коментира наводите на весникот.За шпионажата се користеле едноставни средства – авиони со опрема слична на онаа што ја користат предаватели за мобилна технологија надлетува

Пронајдете не на следниве мрежи: